Моден погодок: Две Македонки во аутфити со оскаровски гламур на јахта во Кан
Двете пријателки, се вљубенички во модата, а и модата е нивна животна професионална определба. Во Кан се појавија во префинето модно издание.
Милена Танаскоска е моден стилист од Скопје. Таа иако дипломирала економија, отсекогаш знаела дека модата е нејзина страст и сега работејќи го тоа што го сака – го живее својот сон.
Марија Аслимоска од Скопје, пак, исто така вљубеничка во модата, повеќе од две децении живее во Ирска. Љубовта ја одвела таму, но оваа мистична земја со сета своја убавина ја задржала да остане.
Марија во Ирска има и свој успешен бизнис, односно е сопственичка на малата парфимерија „Парфумарија“ (Parfumarija) која е на сите must visit листи на места во Даблин, а за која пишуваше и магазинот „Vogue“.
Прочитајте и Марија од Скопје: „Пред 20 години се вљубив во Ирец, веќе 10 години имам магична парфимерија среде Даблин“
Двете се пријателки од тинејџерските денови и секоја слободна пригода ја користат за патувања заедно.
Една од омилените дестинации им е Кан, француско гратче сместено на Азурниот Брег, па таму се враќаат одново и одново.
Двете вљубенички во модата периодов повторно престојуваат таму, а за секоја пригода внимателно избираат аутфити.
Тие покажаа оскаровски гламур во впечатливи креации за настан на јахта. Милена се одлучи за аутфит обоен во бело, додека Марија ја избра црната боја.