Модни детали поради кои делувате постаро (дури и без да сте свесни за тоа)
Пластичен накит, жолта нијанса на русата коса - што прави да делувате постаро од она што сте навистина?
Секоја жена има свој стил по кој е препознатлива.
Но, понекогаш стилот и навиките треба да се менуваат, особено ако тие прават да изгледате постаро од она што сте.
Кои модни детали додаваат години, дури и вие да не сте свесни за тоа?
Совршени ситни кадрици
Ако сакате кадрава коса, подобро е да направите крупни кадрици или да ја „прекршите“ косата, отколку да ја навиткате во ситни, совршени кадрици какви што носеле жените во минатото.
Пластичен накит
Пластичните обетки, прстени и синџирчиња делуваат евтино, но и визуелно додаваат години.
Џемпери со копчиња
Ако сакате да носите џемпер со копчиња, изберете младешки модел, наместо класичните долги и широки џемпери кои се посоодветни за повозрасните луѓе.
Хулахопки со сјај од кои ногата делува како исончана
Овие хулахопки може да се најдат во многу продавници и кај нас.
Но ако ја изберете погрешната нијанса, освен што ќе „светите“, ќе делува и како да сте претерале со солариумот.