9 совети со кои ќе изгледате како „милион долари“ (без да потрошите многу пари)
Миди здолниште со А-крој
Наместо долгите здолништа во бохо-стил, изберете миди здолниште со А-крој.
Овој модел може да го носите без оглед на обликот на телото, бидејќи ја нагласува половината, а ги сокрива „недостатоците“ на фигурата.
Бел фустан
Ако не знаете што да облечете, секогаш можете да изберете фустан, бидејќи не бара да го комбинирате со друга облека и е супер опција.
Но, кога сакате да оставите впечаток на префинет вкус и стил, подобро изберете бел фустан, отколку шарен модел со цветови или геометриски фигури.
Широките фармерки заменете ги со ленени панталони
Ленената облека може да делува елегантно и скапо (и покрај тоа што лесно се тутка).
Овие парчиња никогаш не излегуваат од мода, а може да се носат и на работа, на кафе, на прошетка, дури и на плажа.
За разлика од нив, широките фармерки им стојат убаво само на високите и слаби девојки, а сите останати мора да се помачат да изгледаат гламурозно со овој стил.
Плетен џемпер во линии
Џемперот е парче кое им е омилено на многумина.
Може да се најде во бројни варијанти, но според стилистите, моделот со V-израз во линии е одраз на стил и спортски луксуз.
Кафеава чанта за совршен стил
Иако можеби имате чанти во сите бои, кога не знаете која да на носите или што да комбинирате, изберете кафеава чанта.
Таа одговара со сите типови и бои облека (дури и да сте облечени во црно од глава до петици).
А. Ј. | Црнобело