9 совети со кои ќе изгледате како „милион долари“ (без да потрошите многу пари)

Плетен џемпер со V-отвор на линии, кафена чанта за секоја комбинација - некои парчиња облека делуваат луксузно и гламурозно дури и да ги носите неколку сезони или и да не сте ги платиле прескапо... 

9-soveti-so-koi-kje-izgledate-kako-milion-dolari-bez-da-potroshite-mnogu-pari-01_copy_copy.jpg

За да изгледате шик и во тренд, секогаш во плакарот треба да имате по некое парче од најновите модни колекции.

Но, факт е дека не мора да купувате нова облека секоја сезона за да бидете ИН и да изгледате како „милион долари“.

Стилистите велат дека повеќето жени во своите плакари во секоја следна сезона сигурно ќе најдат по некое подзаборавено, а сепак добро сочувано парче облека кое ќе можат да го „вратат во живот“.

Токму тие парчиња се добредојдени за да не мора да купувате секоја сезона нова облека и да трошите куп пари.

Или ако сакате нешто ново, тоа не мора да е прескапо - дури и поевтините парчиња може да делуваат безвременски или со нив да оставите впечаток дека имате беспрекорен (и скап) вкус и стил.

Ова се неколку совети од стилистите за тоа како да изгледате совршено и „скапо“, а притоа да не „банкротирате“:

Изберете вистинска комбинација на бои

Не се плашете да „си играте со боите“ - комбинирајте комплементарни нијанси (се наоѓаат една спроти друга на тркалото на бои) или бои кои се наоѓаат една покрај друга на тркалото на бои.

Одлична комбинација се виолетова со жолта, лаванда со крем, бледо розова со бургунди.

А ако во вашиот плакар нема вакви бои, тогаш фокусирајте се на неутралните тонови (црна, сива, тегет, кафеава) или изберете светли нијанси - бела и беж со кои ќе делувате секогаш елегантно.

9-soveti-so-koi-kje-izgledate-kako-milion-dolari-bez-da-potroshite-mnogu-pari-06.jpg

Обрнете внимание на отворот на блузите

Ако сакате да изгледате елегантно и со стил, изберете блузи со соодветен отвор.

Избегнувајте маички, а наместо тоа носете ролки (кои асоцираат на пари и на облеката на некогашните богати семејства) или блузи со „грчки отвор“ кои потсетуваат на елеганцијата од 1950-те години.

9-soveti-so-koi-kje-izgledate-kako-milion-dolari-bez-da-potroshite-mnogu-pari-05.jpg

Не за металните копчиња

Подобро е да купите кошула со пластични, отколку кошула со метални копчиња.

Иако на прва изгледаат впечатливо, повеќето стилисти се сложуваат дека делуваат евтино.

9-soveti-so-koi-kje-izgledate-kako-milion-dolari-bez-da-potroshite-mnogu-pari-07_copy.jpg

Поло маички наместо обични блузи

Стилистите тврдат дека поло маичките се одраз на стил и богатство и дека ова парче облека го преферираат луѓето со многу пари.

Сепак, за ваквата маичка (со јака) не мора да потрошите вистинско богатство, бидејќи секаде можете да најдете модели по пристапни цени (и да ги носите со години).

9-soveti-so-koi-kje-izgledate-kako-milion-dolari-bez-da-potroshite-mnogu-pari-02_copy.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
8 парчиња летна облека кои мора да ги имате во својот плакар Секоја жена во својот плакар треба да има бел фустан што ќе може да го носи во с...
10 работи за плажа без кои модерните дами не одат на одмор Рибарската шапка сега е помодерна од класичните шешири, шик сандали наместо обич...
Седа коса, брчки: Славните дами на Модната недела во Париз се доказ дека женската убавина е безвреме... Без разлика дали со некој килограм плус или седа коса на главата, познатите дами...
7 парчиња летна облека кои изгледаат подобро на куклите во излог, отколку на нас Плетени парчиња летна облека, капри панталони - што изгледа подобро на куклите в...
Модни парчиња кои ќе бидат тренд за зима 2024 (и треба да ги купите веднаш) Јакна „шал“, впечатливи ракавици и џемпери со сите бои на нив... Што ни носи зим...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg