Модели на чевли што се удобни во лето (и во кои ќе изгледате шик)

Ова лето на голема врата се враќаат целосно отворените модели на сандали и на чевли, кои ќе направат да се чувствувате удобно, за време на големите горештини.

modeli-na-chevli-shto-se-udobni-vo-leto-i-vo-koi-kje-izgledate-shik-01.jpg

Дополнително, можете слободно да заборавите на вртоглаво високите модели и да ги замените со минијатурни потпетици – истовремено ќе изгледате шик, но и ќе се чувствувате пријатно.

Во продолжение погледнете во кои модели на чевли ова лето ќе се чувствувате најпријатно:

Целосно отворени модели на сандали

Моделите на чевли само со отворени прсти подобро е да ги спакувате за некоја друга сезона, а летово да им отстапите простор на целосно отворените модели на сандали.

Секако ова ќе биде причина плус, летово повеќе внимание да посветите на педикирот и на изгледот на вашите стапала.

modeli-na-chevli-shto-se-udobni-vo-leto-i-vo-koi-kje-izgledate-shik-02.jpg

Изберете минијатурни потпетици

Моделите со вртоглаво високи потпетици не само што не се удобни, туку се сметаат и за демоде.

За ова лето можете да изберете шик сандали или папучи со минијатурна потпетица.

modeli-na-chevli-shto-se-udobni-vo-leto-i-vo-koi-kje-izgledate-shik-03.jpg

Чевли со шпицест врв

Чевлите со заоблен врв беа хит во изминатите неколку сезони, ова лето, ако бирате формални чевли, добро би било да изберете модели со шпицест врв.

Иако на прв поглед делуваат чудно, во основа се многу поудобни за носење од заоблените модели.

modeli-na-chevli-shto-se-udobni-vo-leto-i-vo-koi-kje-izgledate-shik-04.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

8 модели чевли кои треба да ги имате за есен 2024 Мокасините со огромен ѓон заменете ги за поедноставен и минималистички модел, ка...
7 модели на чевли кои изгледаат богато, дури и ако се купени за малку пари Избегнувајте чизми со врвки, а кога бирате патики, земете предвид дека нежните н...
8 модели на сандали и влечки кои ќе бидат тренд ова лето Плетени, сандали со високи полни потпетици, влечки со златни и сребрени детали.....
8 модели на чевли кои се соодветни за на работа (+ кои не треба никогаш да ги носите) Ако сте од оние кои истите чевли во кои излегуваат навечер, ги користат и за на ...
5 типа маникир кои делуваат кич (и како да изберете подобра алтернатива) Неонски бои, црн лак - некои трендови во маникирот треба да се заменат со нови, ...
9 идеи за педикир што ќе бидат хит за лето 2024 Црвените нокти се сметаат за застарени, а вистински хит се животинските принтови...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg