Модели на чевли што се удобни во лето (и во кои ќе изгледате шик)
Бели чевли
Белата боја е мошне популарна во текот на летото, па така што нема да згрешите ако изберете каков било модел чевли во оваа неутрална боја.
Дополнително, со оглед на тоа што белата боја многу побавно се загрева од црната, ќе се чувствувате и многу попријатно.
Мрежести материјали
Заборавете на проѕирните чевли изработени од проѕирна пластика. Ако сакате малку понесекојдневен модел, тогаш може да изберете чевли од мрежест материјал.
Нозете ќе ви бидат благодарни затоа што цел ден ќе можат да дишат, наместо да ви се препотуваат во непријатната пластика.
Чевли со панделки
Ова лето не се популарни чевлите со премногу декорации и апликации.
Ако сакате да изгледате шик, доволно е да го изберете оној модел што вам ви е најудобен, а доволно е да биде декориран само со една голема панделка.
Чевли со отворена петица
Исто така, ако ви требаат елегантни чевли можете да изберете модел со отворена петица.
Одлични се и за вечерни, но и за секојдневни комбинации со фармерки и кошула.
Исто така, малиот отвор на петата ќе направи да се чувствувате попријатно во текот на летните денови, отколку да носите затворени чевли.
Апостолки на потпетица
Порано се веруваше дека апостолките се само за на плажа, но моделите со висока потпетица може да изгледаат и елегантно.
Ова е идеален модел ако сте испланирале ден исполнет со пешачење, а сепак сакате да изгледате елегантно и модерно.
Б. С. Б. | Црнобело