Модни трендови за студени денови со кои треба да бидете внимателни
Црвените парчиња се хит во постудените денови бидејќи нè асоцираат на Божиќ и Нова година. Но, бидејќи се тешки за комбинирање, најдобро одбирајте само по еден детаљ со црвена боја и ќе избегнете модна утка.
Само затоа што некој моден тренд е популарен, не значи дека со него не пости простор за грешка.
Ако не внимавате на некои ситници, можете лесно да направите модна утка.
Осум зимски модни трендови со кои треба да бидете внимателни:
Леопардски принтови
Леопардските принтови се совршени за студените денови, но мора да бидете внимателни со нив.
Со овој принт е важно да не претерате – изгледа најдобро кога се наоѓа на само едно парче или еден детаљ.
Шарени принтови
Генерално, принтовите се одличен начин да ги освежите комбинациите за постудените денови, сепак треба да следите некои правила.
Најдобри избегнувајте ги цветните принтови во студените месеци и дајте им предност на геометриските форми.
Широк капут
Широките парчиња облека се мошне популарни и тоа со добра причина – им стојат добро на сите, а се и навистина удобни.
Но, кога станува збор за капути, избегнувајте ги преголемите модели.
Многу широките капути можат да ви додадат години.
Панталони со еластичен појас
Многу дами ги преферираат овие панталони поради нивната удобност.
Но, можат да бидат проблематични за комбинирање во студените месеци бидејќи обично додаваат волумен во областа на половината.