Модни трендови за студени денови со кои треба да бидете внимателни
Многу високи чизми
Чизмите со висина до над колената изгледаат мошне добро, а и дефинитивно топлат.
Сепак, избегнувајте да ги носите со фармерки – изгледаат многу подобро со здолништа и фустани.
Големи, впечатливи обетки
Големите, впечатливи обетки одлично ги надополнуваат монохроматските зимски комбинации.
Сепак, немојте да ги носите со блузи и џемпери со висока јака.
Црвени парчиња
Црвената е боја што нè асоцира на Божиќ и Нова година, па не е ни чудно што е хит во овој период од годината.
Но, комбинирањето црвени парчиња не е секогаш едноставно.
Затоа, за да избегнете модни утки, најбезбедно е да одберете само по некој детаљ со црвена боја кој ќе создаде контраст.
Патики
Патиките стануваат популарни и во постудените денови, барем кога не врне.
Но, во студените месеци избегнувајте да ги комбинирате со здолништа или фустани бидејќи не изгледаат најдобро поради хулахопките (кои се задолжителни во овој период од годината).
Спирова С. | Црнобело