10 работи што некогаш ги носевме во лето, а сега треба да ги исфрлиме од нашиот плакар
Тесната облека е вистински непријател на летните горештини. Избегнувајте парчиња кои ја оцртуваат вашата фигура.
Летото секогаш е одлично време за експериментирање со облеката и ни дава можност да пробаме нови трендови.
Но, летото е и супер време да се ослободиме од некои стари парчиња кои некогаш ни биле омилени, а денес веќе не се во мода.
Ако сакате да изгледате убаво, но и да се чувствувате пријатно во исто време, од плакарот исфрлете ги парчињата што некогаш беа хит, но денес делуваат демоде.
Која облека треба да ја избегнувате во лето?
Црн или бел костим за капење
Внесете боја во вашата облека за на плажа. Избегнувајте бели и црни костими за капење кои се класика, па со кои само ќе се „стопите“ во масата луѓе.
Наместо тоа изберете весели, впечатливи бои – портокалова, лаванда, жолта...
Облека во црвена боја
Долги години црвената боја беше меѓу омилените на дамите, а ја носеа дури и оние на кои не им одговара на тенот.
Но, црвената боја веќе не е во мода, па затоа оваа (и следните неколку сезони) избегнувајте облека во црвена боја.
Изберете облека во виолетови или розови нијанси, велат стилистите.
Тесна облека
Избегнувајте парчиња кои ја оцртуваат вашата фигура.
Тесната облека е вистински непријател на летните горештини - може да се залепи за вас, лесно да се појават дамки ако се испотите и да се чувствувате непријатно.
Затоа ова лето избирајте широки и лелеави парчиња.
Пресечени фармерки
Ретко кој носи фармерките во лето – на летните горештини тие се неподносливи.
Но, ако сепак се решите да ги облечете, изберете класични парчиња, наместо фармерки кои се пресечени и чии ногавици се разресуваат.
И, купете модел од потенок тексас кој ќе биде попријатен за кожата.
Долна облека од тантела
Во лето е подобро да носите лесна, памучна долна облека, наместо парчиња од тантела.
Овие синтетички материјали само ќе предизвикаат потење и ќе ви го иритираат телото.
Внимавајте и при изборот на градници и избегнувајте модели со потполнки, кои ќе ве потат.