10 работи што некогаш ги носевме во лето, а сега треба да ги исфрлиме од нашиот плакар
Свилени фустани
Свилените фустани последниве лета не се во мода како пред неколку години.
Стилистите сега препорачуваат да изберете фустани од памук или жоржет наместо од свила, дури и кога имате некој свечен повод.
Облека што открива премногу
Кога ни е топло, почнуваме да се потиме.
Наместо да изберете облека која е минималистичка и го открива вашето тело, искомбинирајте парчиња во светли бои, кои не привлекуваат сончева светлина и во кои ќе ви биде пријатно.
Сини и светло зелени нијанси
Јапонците дошле до сознание дека облеката во жолти и сиви нијанси, исто како и белата, не привлекува сончеви зраци.
Затоа експертите препорачуваат да ги вклучите во својата гардероба, а да ги исфрлите светло зелената и сината боја, бидејќи тие, исто како црната, се магнет за сончевите зраци.
Чорапи од синтетички материјали
Синтетичките материјали не ѝ дозволвуаат на кожата да дише.
Токму затоа, кога е најтопло, не се препорачува да носите чорапи од синтетика.
Стапалата ќе ви бидат постојано влажни, а тоа е одлична подлога за создавање бактерии.
Бижутерија
Иако делуваат стилски и привлечно, летната горештина влијае лошо на бижутеријата – изложени на сонце, овие парчиња потемнуваат и ја иритираат кожата.
Затоа, преку лето е подобро да изберете нешто златно или сребрено.
Особено кога сте на плажа, бидејќи од водата, во комбинација со средствата за сончање и сонцето, парчињата бижутерија може да позеленат и да ви остават дамки на телото.
A. J. | Црнобело