Беше петок, ден или два после фамозниот празник по кој сите полудуваат, трчаат по букети, прават сенешто за своите сакани. Како тоа да мораше да се прави баш тогаш, ама си помислив комерцијализам, што ќе правиш, не можеш да се бориш со тоа. Седев на шанкот и пиев чај од камилица, нешто ми беше ладно во душата.