10 безобразни прашања за сексот
Се вели дека не постои глупаво прашање. Дали е навистина така и во подрачјето на сексот? Дознајте ги најбезобразните прашања за сексот...
...кои никогаш не сте се осмелиле да ги прашате.
1. Дали може да се ослаби од секс?
- За време на секс се трошат околу 300 калории на час, што значи ако имате однос два пати неделно по половина час, после една година би имале околу два килограми помалку.
2. Што е тоа женски ејакулат?
- Се работи за течност која се ослободува при стимулација на Г точката.
3. Ако мажот не ејакулирал, дали тоа значи дека не доживеал оргазам?
- Ејакулацијата и оргазмот не се исто. Ејакулацијата преставува исфрлање на семена течност, а оргазмот грчење на мускулатурата.
4. Зошто малите грубости при секс воопшто не болат?
- Затоа што во текот на односот организмот го ослободува хормонот на среќата – ендорфин кој го намалува чувството на болка.
5. Може ли спермата навистина да делува како антидепресив?
- Истражувањата докажале дека машкиот ејакулат содржи хормон кој го подобрува расположението, но со многу слаб ефект.
6. Колку е долг најмалиот пенис на светот?
- Половина сантиметар.
7. Дали големината на машките стапала имаат врска со големината на половиот орган?
- Нема, како ни со височината, должината на прстите и големината на носот.
8. Зошто понекогаш за време на сексуалниот однос почнува да не боли глава?
- Поради притисокот во вратните мускули. Правилното дишење може да го спречи овој проблем.
9. Може ли температурата во просторијата да делува на оргазмот?
- Може. Повисоката температура го зголемува и крвниот притисок, па така помага полесно да се стигне до уживањето.
10. Мажите се највозбудени наутро. Постои ли време кога е најсилна женската возбуда?
- Мажите имаат дневни, а жените месечни циклуси. Седум дена по циклусот женската возбуда е најсилна.