7 моќни, љубовни лекции кои можеме да ги научиме од бракот на кралицата Елизабета (кој траеше 73 години)
Заедничката поддршка е сè
Принцот Филип жртвуваше многу работи во име на неговата сакана, од кариера до титула, но кралицата беше свесна за овие жртви и не забораваше да му заблагодари.
Во бракот најважно е да правите компромиси и жртви и да бидете благодарни кога другиот ги прави за вас.
Убаво е да имате различно хоби и интереси
Принцот Филип во една пригода објави: „Тајната на среќниот брак е да имате различни интереси“. Ова ви дава независност во врската, но и теми за разговор со партнерот.
На тој начин учите нови работи, се гледате себеси во ново светло и ви се зголемува нивото на самодоверба.
Не се откажувајте кога работите се тешки
Во една пригода принцот Филип изјави: „Мислам дека главната состојка за среќен брак е толеранцијата. Тоа не е толку важно кога работите се добри, но е од клучно значење кога работите ќе станат тешки.“
Потсетете се Кралицата Елизабета (94) и принцот Филип (99) слават 73 години брак – витални и среќни читаат честитки од внуците
С. С. | Црнобело