Кралицата Елизабета (94) и принцот Филип (99) слават 73 години брак – витални и среќни читаат честитки од внуците
- Детали
- петок, 20 ноември 2020
Иако се на чекор од 100-тата година тие изгледаат витално и среќно и дефинитивно успешно си ја вршат работата на кралски пар, кој слави 73 години љубов и разбирање.
Кралицата Елизабета и принцот Филип поминале низ секакви бури и среќни моменти во текот на годините, а денес (20-ти ноември) ја слават 73-годишнината од брак и се пример за многу луѓе низ светот со својата енергија.
Двајцата се на чекор од 100-тата година и одлично се држат за своите години, а во време на пандемија посебно го чуваат своето здравје.
По повод годишнината од брак, нивните внуци, децата на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, им изработиле честитки, бидејќи ги немаат видено неколку недели своите баба и дедо, кои се сместени во Виндзор.
На официјалниот портрет објавен од Бакингемската палата, кралскиот пат изгледа среќно додека ја разгледува шарената честитка, со 73-ка на насловната страница, a покрај таа има уште неколку честитки кои чекаат на ред.
Да се потсетиме како изгледал кралскиот пар во ноември 1947-ма, на нивната свадба и меден месец:
М. М. | Црнобело