7 моќни, љубовни лекции кои можеме да ги научиме од бракот на кралицата Елизабета (кој траеше 73 години)
Понекогаш помалку е повеќе и не значи дека не се сакате лудо, ако не покажувате емоции јавно, не се откажувајте кога работите се тешки и уште 5 моќни лекции за љубовта и бракот од кралскиот пар, кој прослави и платинумска свадба.
Кралицата Елизабета се омажи за принцот Филип во 1947 година, пред повеќе од 2.000 гости.
Нивната свадба беше пренесувана на радио и ја следеа повеќе од 200 милиони луѓе низ целиот свет. Тие добиле повеќе од 2.500 свадбени подароци и повеќе од 10.000 телеграми со честитки.
Медениот месец им бил во Балморал, местото каде кралицата почина на 8-ми септември. Сега, двајцата се погребани заедно во St. George црквата.
Со толку очи насочени кон нив изгледа тешко да се одржува брак, но кралицата Елизабета и принцот Филип тоа го правеа на совршен начин.
Во 2017 година славеа платинумска свадба, односно 70 години брак, а вкупно беа 73 години во брак.
Љубовни лекции од нивниот брак:
Верувајте ѝ на својата интуиција
Кралицата го запозна принцот Филип во 1939 година, кога таа имаше само 13 години, а тој 18. Иако многу работи беа против нив, таа во себе чувствувала дека тој е вистинскиот и испадна дека интуициата не ја лажела.
Изберете некој со кој ја делите смислата за хумор
Мора да се смеете заедно за да бидете среќни, а кралицата Елизабета во повеќе ситуациии е фотографирана како слатко се смее на шегите од сопругот.
Тој правел сè за да ги насмее неа и нивните деца, тврдат извори блиски до кралскиот пар.
Кавги се случуваат
Најголемиот конфликт на парот во јавност бил во 1954 година, 7 години откако се венчале.
За време на посета на Австралија парот имал кавга и принцот Филип бесен излетал низ врата, а кралицата Елизабета наводно дури фрлила со патика по него. Потоа, таа изјавила: „Извинете за непријатноста, но знаете, се случува во секој брак“.
За надминување на конфликтите клучот е искреноста, комуникацијата и простувањето.
Не мора да покажувате премногу емоции пред другите за да бидете среќни
Кралскиот пар ретко покажуваше емоции јавно, но кога го правеше тоа беше навистина со значење. Ретко се случуваше тој да ја штипне за образот или да ѝ даде нежен бакнеж, како за време на нејзиното крунисување во 1953 година.
Понекогаш помалку е повеќе и не значи дека не се сакате лудо, ако не покажувате емоции јавно.