„Повторно ме изневери“: Луѓе откриваат што се случило откако му простиле неверство на партнерот
„Двајцата имавме две многу лоши години од различни причини. Ова нè уништи како личности и ни ја уништи врската.
Бевме многу среќни и вљубени пред да ни се распаднат животите, а неговото неверство како да нè врати во реалноста. Сега нештата се подобри од кога било и немам ниту еден сомнеж во него“.
„Не простувајте. Несигурноста ќе ве полуди, а потоа тој ќе ве обвинува. Генерално, подобро ставете крај на врската“.
„Му простив, и повторно ме изневери за неколку месеци. Раскинавме и одвреме-навреме добивав пораки од него. Ми велеше дека сакал уште една шанса, дури и во период кога беше во врска со друга жена“.
„Дознав пред седум недели. Имаше многу подеми и падови, но промените што ги направивме и двајцата ни ги подобрија животите.
Уште немам преболено, но и двајцата сакаме да ја спасиме врската. Сепак, многу е тешко“.
„Одевме на терапија заедно и индивидуално. Никогаш не ја прифати неговата вина и ме изневеруваше одново и одново. На крај, кога добивме ќерка, го оставив – не сакав да мисли дека тоа е здрава врска“.
„Пробавме да го оставиме неверството зад нас. Еден месец подоцна, неговиот пријател ми кажа дека имал три други девојки. Отидов на лекар и дознав дека ме заразил со кламидија. Истиот ден му раскинав“.
„Пробавме да ја спасиме врската за нашето дете, а ситуацијата само се влошуваше. Конечно ја оставив седум години подоцна“.
„Нештата се во ред. Како во многу долги врски, имавме наши подеми и падови, но со сигурност можам да кажам дека тој е љубовта на мојот живот.
Не го оправдувам она што го направи, но тогаш се случуваа многу работи и тој секој ден жали за неверството.
Оттогаш поминаа три години и ме нема изневерено, а знам и дека нема да ме изневери во иднина. Сепак, уште имаме проблеми со довербата“.
Спирова С. | Црнобело