„Повторно ме изневери“: Луѓе откриваат што се случило откако му простиле неверство на партнерот

„Го оставивме неверството зад нас, но три месеци подоцна дознав дека имал три други девојки“.

po-svadbata-povtorno-me-izneveri-i-me-ostavi-lugje-otkrivaat-shto-se-sluchilo-otkako-mu-go-prostile-neverstvoto-na-partnerot-01.jpg

Во повеќето случаи, неверството значи крај на врската или бракот.

Но некогаш, од различни причини, изневерените партнери сакаат да ѝ дадат уште една шанса на врската.

Кај повеќето луѓе преовладува мислењето дека штом некој го изневерил партнерот еднаш, најверојатно повторно ќе го направи тоа.

Додека во некои ситуации партнерите успеваат да ја спасат врската, се чини дека многу почесто оној кој изневерил навистина изневерува повторно и откако ќе добие втора шанса.

Токму ова го покажуваат исповедите на неколку луѓе кои биле изневерени, но сепак решиле да му дадат втора шанса на неверниот партнер:

„Ме изневери и му простив, но му реков дека ако го фатам уште еднаш, нема да постои за мене. Па, повторно ме изневери со истата девојка и го оставив.

Шест недели подоцна дојде кај мене плачејќи бидејќи девојката го изневерила него. Му се исмеав и му реков да го избрише мојот телефонски број“.

„Еднаш бев изневерена во сериозна врска, му дадов уште една шанса, а потоа цела година тој беше љубоморен и параноичен дека јас ќе го изневерам. Никогаш повеќе нема да простам неверство“.

„Откако му простив, почнав да повраќам и да чувствувам мачнина. Имав панични напади и проблеми со спиењето. Моето тело како да го одбиваше, а потоа открив дека повторно ме изневерил.

Помина една година откако му раскинав и никогаш не сум била посреќна“.

po-svadbata-povtorno-me-izneveri-i-me-ostavi-lugje-otkrivaat-shto-se-sluchilo-otkako-mu-go-prostile-neverstvoto-na-partnerot-02.jpg

„Бившата ме изневери, ѝ простив. Почна да ме гледа како слаба личност бидејќи ѝ простив, па изневери уште еднаш“.

„Почнав да ги пребарувам сите броеви на коишто се јавувал, и сите беа од сексуални работнички. Поминаа неколку години пред конечно да го избркам од дома“.

„Бившиот ме изневери додека бевме верени и му простив. По една година се венчавме. Година и пол по свадбата, повторно ме изневери, со колешка за која ме остави.

Дефинитвно, бракот со него е најглупавото нешто што сум го направила“.

po-svadbata-povtorno-me-izneveri-i-me-ostavi-lugje-otkrivaat-shto-se-sluchilo-otkako-mu-go-prostile-neverstvoto-na-partnerot-03.jpg

„Постојано ме изневеруваше. Му простив заради нашето дете – бев бремена. Никогаш повторно нема да простам.

Потоа тој се венча со друга жена и во рок од една година ја изневери четирипати“.

„Три години сум среќно разведена. Бившиот никогаш не се промени, само подобро ги криеше неверства. Сега е во брак со друга жена, а ја изневерува и неа“.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Луѓе откриваат: „Предупредувачки знаци кај бившиот што ги игнорирав“ „Неговите пријатели ми рекоа да се држам настрана од него. И, тоа требаше да ми ...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
Жени откриваат: „Зошто останав со мажот кој ме изневери?“ „Останав со него бидејќи и јас го изневерив. Си простивме и заедно сме веќе 17 г...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg