Без телевизор - повеќе секс
Доколку планирате да купите телевизор за во спалната соба, подобро размислете два пати - тоа може да се одрази на вашиот сексуален живот. Истражувањето...
...на италијанските сексолози покажа дека паровите кои имаат телевизор во спалната соба имаат за 50% помалку секс од оние кои немаат телевизор.
„Без телевизор во спалната соба сексот е почест и тоа дупло почест“, вели Серенела Саломони, чиј тим го спровел истражувањето помеѓу 523 италијански брачни парови.
Италијаните кои немаат телевизор во спалната соба водат љубов во просек 2 пати неделно или 8 пати месечно, додека пак паровите кои имаат телевизор - само 4 пати месечно.
Истражувањето покажа дека телевизиската програма делува на сексуалниот живот. Насилните филмови и реалните шоуа имаат негативно влијание на либидото.
Имате ли вие телевизор во вашата спална соба?