5 предупредувачки знаци дека вашиот дечко ве менува како личност (и не е добар за вас)

„Престанав да барам совети од пријателите и кријам кога сме скарани“. Се пронајдовте? Порано споделувавте се, но ве осудуваат за грешките кои ги простувате и сега само премолчувате? Не, вашата љубов не е уникатна, само е токсична... Не се откажувајте од својот карактер за никого. 

5-predupreduvachki-znaci-deka-vashiot-dechko-ve-menuva-kako-lichnost-i-ne-e-dobar-za-vas-01.jpg

Љубовта го менува човекот и тоа е факт, но не значи дека да станете сосема нова личност и да го изгубите сопствениот карактер трагајќи по одобрувањето на партнерот.

Во ред е да промените некои работи кај себе (на подобро), но има неколку знаци во однесувањето кои предупредуваат дека е време да се освестите и да го вратите сопственото „јас“.

Доколку претерате, размислете дали е во ред да заборавите на сопствениот живот и потреби само затоа што вашиот дечко така сака.

Во колку од овие знаци се пронаоѓате?

„Престанав да ги правам работите во кои уживав“

Немате повеќе мотивација и инспирација за тоа што сте го обожавале порано? Или добивате критики од партнерот? Не треба да се откажувате од сопствените задоволства и работите кои цел живот сте ги уживате, само за да го направите дечкото среќен. Доколку е така и не ги поддржува вашите хобија, желби и потреби, тогаш можеби тој не е за вас.

5-predupreduvachki-znaci-deka-vashiot-dechko-ve-menuva-kako-lichnost-i-ne-e-dobar-za-vas-02.jpg

„Семејството и пријателите ми кажуваат дека сум променета“

Ви се случува ли да влезете во конфликт со блиските и заради некоја ваша реакција, да ви кажат дека сте многу променети откако сте со дечкото? Најверојатно се во право, колку и да не сакате да прифатите, размислете дали сакате да продолжите во таа насока.

5-predupreduvachki-znaci-deka-vashiot-dechko-ve-menuva-kako-lichnost-i-ne-e-dobar-za-vas-03.jpg

„Постојано мислам дека јас грешам и сум виновна“

Дали секогаш вие први се извинувате дури и ако не сте сигурни дека сте виновникот? Си наоѓате ли причини во главата за вие да бидете виновни за нешто? Веројатно мислите дека е полесно да ја преземете вината наместо да го изгубите, но, всушност е обратно...

5-predupreduvachki-znaci-deka-vashiot-dechko-ve-menuva-kako-lichnost-i-ne-e-dobar-za-vas-07.jpg

„Престанав да барам совети од пријателите и кријам кога сме скарани“

Се пронајдовте? На почетокот споделувавте сѐ со нив, но сфативте дека ве осудуваат што преминувате преку некои работи кои не се во ред, па сега едноставно ги премолчувате? Не, вашата љубов не е поразлична и уникатна, туку можеби е токсична.

5-predupreduvachki-znaci-deka-vashiot-dechko-ve-menuva-kako-lichnost-i-ne-e-dobar-za-vas-10.jpg

„Си ги намалив критериумите за да се задоволам со неговите способности“

Никогаш не се менувајте себеси заради втората половина која не е способна да ви го даде тоа што ви е потребно. Не е добро критериумите да ви се до плафон, но немојте да се спуштате на многу пониско ниво од тоа што го сакате за себе само за да бидете со некој кој мислите дека е идеален за вас.

5-predupreduvachki-znaci-deka-vashiot-dechko-ve-menuva-kako-lichnost-i-ne-e-dobar-za-vas-08.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
Прашувам за пријател: „Мојата љубовница остана бремена, сака да ја напуштам сопругата - Што да права... „Кога на колешката ѝ признав колку ми недостига кога не е на работа, ми кажа дек...
Знаци дека некој се вљубува во вас на прв поглед, според експерт за говор на тело Разговара со вас, а погледот ѝ шета од очите до усните... Кои знаци ја издаваат ...
Помалку очигледни знаци дека ја привлекувате личноста што ви се допаѓа Често трепка кога зборува со вас и ги крева веѓите кога ќе ве здогледа – неретко...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg