10 клучни знаци дека некоја личност е вистинската за вас
Фактор 1: Да имаме силна физичка хемија, која нема да умре по првите неколку месеци состанување. Фактор 2: Да не ни снема теми за разговор.
Кога се состанувате со некого, тешко е да процените дали вреди да му се посветите. Како да знаете дали некоја личност е вистинската за вас?
Експертите од британскиот сајт за состанување „Illicit Encounters“ направиле истражување со 2.000 испитаници за да откријат кои се клучните знаци дека некоја личност е вистинската за вас.
Еве ја листата до која дошле, според одговорите на испитаниците:
- Да имаме силна физичка хемија, која нема да умре по првите неколку месеци состанување.
- Да не ни снема теми за разговор.
- Да ме сака дури и кога се однесувам неразумно.
- Да се смееме на истите работи.
- Да делиме исти семејни вредности.
- Да можам со него/неа да сум тоа што сум.
- Да имаме исти гледишта на животот.
- Да сме со слично ниво на интелигенција.
- Да си ги сакаме семејствата/пријателите еден на друг.
- Да сме си посветени еден на друг.
Се согласувате ли со оваа листа?
С. С. | Црнобело