„Дали ќе се намали чувствителноста на мојот полов орган ако мастурбирам често?“ (18+)
„Дали можете да станете зависни од мастурбација?“, „Дали е во ред да не сакам да мастурбирам?“... Најчестите прашања за машката мастурбација – одговорени од секс експерт.
За машката мастурбација не се говори јавно, но постојат работи кои ги мачат мажите, а прашањата сигурно не би ги поставиле пред некој непознат.
На оваа тема важно е да се разговара отворено, па затоа секс експерт за магазинот „Metro“ одговара на најчесто поставуваните прашања од страна на мажите.
„Дали можете да станете зависни од мастурбација?“
Не постои правило колку често мажите треба да мастурбираат, но како и сè што причинува задоволство може на некој начин да ви стане зависност.
Не е проблем ако тоа го правите често, проблем е ако ви одзема голем дел од времето, ви влијае на работата и врските или ви стане позабавно од сексот со партнерот.
„Постои ли „погрешен“ начин за мастурбација?“
Различни луѓе ги возбудуваат различни работи, па не е чудно ако ви е потребна одредена атмосфера за мастурбација или користите секс играчки наместо рака или сакате да носите одредено парче облека на себе притоа.
Сè додека сте безбедни и не си го загрозувате своето здравје, или не загрозувате некој друг на каков било начин, тогаш е во ред.
„Дали ќе се намали чувствителноста на мојот полов орган ако мастурбирам често?“
Според „Medical News Today“ претераното и динамично мастурбирање, може да доведе до мало намалување на чувствителноста на половиот орган, но далеку од тоа дека комплетно ќе затапи.
Сепак, ако постојано притискате пресилно при мастурбацијата, може секој нареден пат да ви е потребен уште поголем притисок што може во ретки случаи да доведе до аноргазмија, односно неспособност да доживеете оргазам при секс, затоа што ќе го немате нивото на притисок на кое сте навикнати.
Но, со намалување на фрекфенцијата на мастурбирање и притисокот притоа, можете да ги вратите работите во нормала.
„Дали е во ред да користам порно филмови кога мастурбирам?“
Нема ништо погрешно во гледањето на порно филмови, освен ако тоа лично вас не ви предизвикува чувство на вина и слично.
Но, мора секогаш да имате на ум дека порно филмовите не се реални и дека може да ви постават превисоки очекувања од сексот во реалноста.
Ако не можете да се возбудите, без да гледате порно филм, дури и пред секс, тогаш е можно да станува збор за зависност.
„Дали е во ред да не сакам да мастурбирам?“
За мажите имаме генерална слика дека се луди по мастурбација, но реалноста не е таква.
И кај нив има широк спектар на желби и стравови во врска со сексуалноста и не постојат конкретни правила.
Немањето желба за мастурбација може да биде привремено или долгорочно, па ако е долгорочно и сметате дека е последица на некоја траума, тогаш добро е да се консултирате со експерт од областа.
Секако, избегнувајте да правите работи, само затоа што мислите дека така треба.
С. С. | Црнобело