Секогаш привлечни?

sekogas-privlecni-povekjeНе е реткост, како што поминуваат годините, партнерот или партнерката физички да ви станат помалку привлечни. Мускулите се опуштаат. Се...


...насобира сало помалку се негуваат и губат од сексуалната привлечност. Сепак, ретко намалената физичка привлечност е главниот проблем.

Во добри, здрави врски, партнерите со тек на време емотивно повеќе се зближуваат, делат се повеќе заеднички искуства, заедно минуваат низ искушенија.

sekogas-privlecni

Поради тоа, взаемно не само што си остануваат привлечни, туку и привлечноста се зголемува така што партнерите во такви врски и во подоцните години имаат активен сексуален живот во кој двајцата уживаат, а да не ги спомнуваме нивната меѓусебна љубов, доверба, почитување и блискост.

За жал не се сите врски такви. Се јавува овој проблем, ништо не се превзема околу решавањето или пак не се работи доволно на проблемот, едниот или пак двајцата лошо се чувствуваат во врската, не внимаваат на себе, не се дотеруваат...

Утеха се бара во храната и/или аклохолот, а и едното и другото дебелеат, нема волја да се одржуваат во форма (да се биде во форма може и со 90 години).

Во суштина партнерите се несреќни во врската, а тоа што некој се здебелил, опуштил, тоа што еден на друг си стануваат сексуално се помалку привлечни, се само симптоми.

Не велиме дека е добро да се биде полничок, не..., треба да се одржува линијата и кондицијата, првенствено поради сопственото здравје, но кога и партнерот или партнерката ќе ви станат непривлечни затоа што се здебелиле, скоро никогаш основниот проблем не е во вишокот килограми.

Се разбира нема да ви се допадне ако партнерот се здебели, но многу повеќе ќе ви пречи што тој не води сметка за себе.

Што да се направи? Треба да се обидете да го лоцирате вистинскиот проблем. Зошто сте се отуѓиле, кои се проблемите што ги има саканата личност, зошто има потреба да се теши со храна, што е она што не го добива.

Помогнете и на саканата личност, подржете ја, немојте да ја оптужувате. Работете заедно на решавање на проблемите што ги имате.

Доколку саканата личност одлучи да слабее, подржете ја во тоа. Можете да вежбате заедно (ќе биде здраво и за вас), можете заедно да готвите здрава храна и, многу важно немојте да ги саботирате нејзините напори така што ќе купувате храна што дебелее или алкохол (уште полошо е ако грицкате чипс пред неа).

Не се работи само за тоа дека вашата сакана/сакан се опуштил, проблемите се заеднички и заеднички треба да се решаваат.

Ако се има волја, во поголем случај ќе се решат проблемите, не преку ноќ....тие и не настанале преку ноќ, но ќе бидат решени.

Ако се нема волја, ако повеќе нема желба за врска, тука нема помош. Партнерот може да изгледа и како топ модел...сè е бадијала.

Би можело да ве интересира:

Зошто ја напуштив сопругата за љубовницата (и што можеше таа да направи за да ме задржи)? „Во спалната соба Меги почна да зазема одбранбена поза, стуткана во аголот со св...
10 работи кои ќе ја направат вашата врска посилна (според терапевтите) Чистењето на домот не треба да е обврска само на едниот партнер, туку на двајцат...
Исповед на жена: „30 години бев во брак со зависник од секс – животот ми беше пекол“ „Додека бевме млад пар, водени од љубовта и страста си мислев: ‘Боже, сигурно мн...
6 знаци дека имате лош сексуален живот (и како да се поправите), според сексолог (18+) „Добриот секс не е шоу, ниту филм. Нема потреба да си создавате таков притисок“ ...
Кои застарени однесувања на мажите ја убиваат желбата за секс кај партнерката? Мажот очекува жената да ги врши секојдневните обврски, да мие садови, да пере и ...
Што е „предвремена интимност“ и колку време треба да чекате за првиот секс, според експерт за врски Знаете ли што е „предвремена интимност“? Таа не се однесува само на сексот, туку...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg