Адвокат за разводи распали: „Девојките што очекуваат мажот да ја плати сметката на првиот состанок се нарцисоидни“

„Девојките што очекуваат мажот да ја плати сметката на првиот состанок се нарцисоидни, можете само да замислите како ќе го третираат партнерот во иднина“ – тврди овој адвокат за разводи. Што мислите вие, така ли е?

advokat-za-razvodi-predizvika-vistinska-debata-devojkite-shto-ochekuvaat-mazhot-da-ja-plati-smetkata-na-prviot-sostanok-se-narcisoidni-01.jpg

Обично се вели дека ако мажот ја плаќа сметката на првиот состанок девојката ќе може да дознае дали тој е џентлмен, а еден адвокат за разводи им препорачува на своите следбеници на социјалните мрежи да го направат тоа за да проверат дали девојката е нарцисоидна.

advokat-za-razvodi-predizvika-vistinska-debata-devojkite-shto-ochekuvaat-mazhot-da-ja-plati-smetkata-na-prviot-sostanok-se-narcisoidni-povekje-03.jpg

Џастин Ли од Торонто себеси се опишува како адвокатот што никогаш не сакате да го видите, затоа што негова специјалност се разводите, а според него уште на првиот состанок мажите може да забележат дали имаат работа со нарцисоидна девојка што ќе очекува дека некој треба постојано да плаќа за неа и да ѝ ги завршува сите обврски.

Тој на ТикТок покрена вистинска дебата откако го објави видеото во кое рече дека проблемот не е во малата сума пари што мажот ќе ја потроши на крајот на состанокот.

„Проблемот настанува кога плаќаме за некој што е нарцисоиден и постојано очекува дека некој друг треба да плати. Токму затоа мажите треба секогаш да плаќаат. Тоа е најдобар тест“ – вели Џастин.

advokat-za-razvodi-predizvika-vistinska-debata-devojkite-shto-ochekuvaat-mazhot-da-ja-plati-smetkata-na-prviot-sostanok-se-narcisoidni-povekje-02.jpg

Според него, ако девојката сосема ладно очекува мажот да плати по состанокот и не се противи, тоа говори многу за неа и за нејзиниот карактер.

„Така дознавате дека личноста со која сте излезени е нарцисоидна и очекува сосема непознати личности да плаќаат за неа. Можете само да замислите како таквата личност ќе го третира сопствениот партнер.

За многу мала цена од 20, 30 или 40 долари, дознавте дека пред вас седи личност што воопшто и не сака да одглуми дека сака да плати и затоа никогаш повеќе не треба да излезете со неа“ – појаснува адвокатот.

@jleejd The best litmus test #datingadvice #relationshipadvice #firstdateadvice #marriageadvice #lawyer #lawyersoftiktok ♬ original sound - Breakup Lawyer Justin

Ова видео предизвика вистинска дебата. Според некои жени, ако мажот се буни за сметка од 30 долари, тогаш не е финансиски стабилен и не треба да излегуваат со него.

„Секогаш сум подготвена да си ја платам сметката, но нема да излезам повторно со некого што очекува да му платам“, „Зошто жената би требало да плаќа ако тој ја поканил на состанок?“, „Нема ли да го навредам ако се обидам да ја платам сметката?...“

Ова се само дел од коментарите што ги оставија девојките под видеата.

Што мислите вие? Дали е логично мажите да плаќаат на првиот состанок или девојките што очекуваат тоа да биде така се нарцисоидни личности што очекуваат дека некој треба постојано да плаќа за нив?

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Луѓе откриваат: „Предупредувачки знаци кај бившиот што ги игнорирав“ „Неговите пријатели ми рекоа да се држам настрана од него. И, тоа требаше да ми ...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg