Исповед на девојка: „Запознав маж кој е во отворен брак – не знам дали да останам во врска со него?“

„Не сфаќам зошто би требало да престанам да се гледам со него, ако сум сингл“ – прашува оваа девојка која запознала маж што многу ѝ се допаѓа, а кој е во отворен брак со сопругата.

ispoved-na-devojka-zapoznav-mazh-koj-e-vo-otvoren-brak-neznam-dali-da-ostanam-vo-vrska-so-nego-01.jpg

Темата „отворен брак“ станува мошне актуелна во светот, откако Вил Смит и Џејда Пинкет излегоа и јавно признаа дека со години функционираат на тој начин и имаат други љубовници.

Оваа девојка од Англија се обратила до психологот во порталот Mirror, Колин, барајќи совет за тоа што да прави откако запознала прекрасен маж кој е во отворен брак.

Таа е збунета и се прашува дали постои проблем доколку продолжи да се гледа со него.

ispoved-na-devojka-zapoznav-mazh-koj-e-vo-otvoren-brak-neznam-dali-da-ostanam-vo-vrska-so-nego-02.jpg

Проследете го нејзиното писмо во целост:

„Јас сум во раните 30-ти години од животот и неодамна почнав да се гледам со прекрасен маж, кој уште на првиот состанок ми призна дека е во отворен брак.

Ми кажа дека тој и неговата сопруга без проблем се гледаат со други луѓе, но имаат поставено одредени правила, така што не смеат да носат други луѓе дома и се договориле дека ќе си кажат меѓусебно доколку влезат во посериозна врска со некој друг.

Малку бев шокирана, затоа што никогаш порано не сум се нашла во таква ситуација и вообичаено би побегнала ако некој друг ми признаеше нешто такво, но, навистина ми се допадна овој човек.

Подолго време се запознавам со луѓе онлајн и досега не сум запознала никој што ми се допаднал како што ми се допаѓа тој.

Тој е навистина љубезен, има добра смисла за хумор, згоден е и се чувствувам добро во негово друштво.

Сексот исто така е мошне возбудлив, но не можам да сфатам дали тоа е така затоа што знам дека оваа врска нема иднина затоа што тој е во брак.

Во моментов немам никој друг, па се прашувам дали би било проблем доколку продолжам да се гледам со него?

Разговарав за ова со пријателките и тие не можат да си поверуваат дека воопшто размислувам за тоа, но не гледам каде би бил проблемот затоа што сум сингл и не сум запознала никој друг?“

ispoved-na-devojka-zapoznav-mazh-koj-e-vo-otvoren-brak-neznam-dali-da-ostanam-vo-vrska-so-nego-05.jpg

Според психологот Колин, таа со сигурност треба да престане да се гледа со него затоа што ако остане во таква „врска“ нема да има можност да запознае некој друг што може да ѝ пружи многу повеќе.

„Исто така, од твоето писмо се гледа дека тој навистина ти се допаѓа и постои ризик дека со текот на времето ќе се вљубиш во него и би сакала да започнеш сериозна врска.

Нему му е супер, тој ужива во отворен брак (иако не можеш со сигурност да знаеш дека е така ако неговата сопруга не ти потврди), но што добиваш ти од ова?

Навистина не знам зошто би сакала да се ставиш на ризик да ти го скршат срцето кога има голем број слободни мажи.

Можеби сега ти е убаво, но никогаш нема да бидете еднакви – ти не можеш да одиш кај него, да го запознаеш неговото семејство, ниту да планираш иднина“ – одговара Колин.

Што мислите вие, возможно ли е да се биде во врска со човек што има таков однос со сопругата без некој да биде повреден?

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зошто ја напуштив сопругата за љубовницата (и што можеше таа да направи за да ме задржи)? „Во спалната соба Меги почна да зазема одбранбена поза, стуткана во аголот со св...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Луѓе откриваат: „Предупредувачки знаци кај бившиот што ги игнорирав“ „Неговите пријатели ми рекоа да се држам настрана од него. И, тоа требаше да ми ...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg