Подарок наместо извинување и уште 5 гестови кои изгледаат романтично, но се знак за токсична врска

Ако партнерот ви купува подарок кога ќе ве повреди, а притоа не прaви ништо да го промени однесувањето, тоа дефинитивно е лош знак.

podarok-namesto-izvinuvanje-i-ushte-5-gestovi-koi-izgledaat-romantichno-no-se-znak-za-toksichna-vrska-01.jpg

Врските можат да бидат навистина комплицирани и неретко е тешко да сфатите што е во ред, а што не.

Бидејќи љубовта навистина нè заслепува, многу луѓе настојуваат да го гледаат токсичното однесување на партнерот како романтично или како знак дека ги сака.

Кои „романтични“ гестови и постапки на партнерот се всушност токсични?

Подарок наместо извинување и промена

Ако секојпат кога ќе направи нешто лошо партнерот ви купува подарок, а притоа не прави ништо за да си го промени однесувањето со коешто ве повредува, тоа дефинитивно е лош знак.

Со овие подароци тој се обидува да ве манипулира и да ве натера да му простите, наместо да направи промена со која ќе ги избегнете сличните проблеми во иднина.

Да нагласиме, нема ништо лошо ако партнерот сака да ви купи подарок откако сфатил дека ве повредил, но многу поважно е да го промени она со коешто ве повредува.

podarok-namesto-izvinuvanje-i-ushte-5-gestovi-koi-izgledaat-romantichno-no-se-znak-za-toksichna-vrska-02.jpg

Претерана „грижа“

Дали партнерот секогаш има коментар кога излегувате сами или кога, на пример, носите кратко здолниште?

Дали некогаш ви се чини како да ви ограничува некои работи, без разлика што нема право за тоа, а притоа се правда тврдејќи дека само се грижи за вас?

Ова е уште еден лош знак.

Ако сте во здрава врска и помеѓу вас има доверба, нема потреба партнерот да ви кажува што да носите, каде да одите и што да правите.

podarok-namesto-izvinuvanje-i-ushte-5-gestovi-koi-izgledaat-romantichno-no-se-znak-za-toksichna-vrska-03.jpg

Ве критикува и ве тера да се промените бидејќи „сака да ви помогне да се подобрите“

Нормално е партнерот да сака да ви помогне да станете подобра личност, но не смее да ве навредува и омаловажува со цел да ве натера да направите нешто.

Ако, на пример, сте качиле некој килограм, не е во ред ако партнерот со навреди и критики пробува да ве натера да се вратите во форма.

Тој треба да ја понуди неговата помош, но не и да ја наметнува само за да ги исполните неговите очекувања од вас.

podarok-namesto-izvinuvanje-i-ushte-5-gestovi-koi-izgledaat-romantichno-no-se-znak-za-toksichna-vrska-04.jpg

Не се одделува од вас

Одлично е ако партнерот покажува интерес за вашите хобија и работите што ги сакате, но не е во ред ако не ви дозволува да бидете и своја личност.

Ако партнерот прави проблеми кога сакате да направите нешто сами, без разлика дали излегување или која било активност, тогаш нешто не е во ред.

podarok-namesto-izvinuvanje-i-ushte-5-gestovi-koi-izgledaat-romantichno-no-se-znak-za-toksichna-vrska-05.jpg

Љубоморен е

На почетокот можеби љубомората ќе ја гледате како знак дека партнерот вистински ве сака, но ова однесување воопшто не е во ред.

Нормално е некогаш да чувствуваме доза љубомора, но ако му веруваме на партнерот, нема зошто да го спомнуваме тоа.

Доколку вашиот партнер е љубоморен и посесивен, тоа сигурно не значи љубов.

podarok-namesto-izvinuvanje-i-ushte-5-gestovi-koi-izgledaat-romantichno-no-se-znak-za-toksichna-vrska-06.jpg

Смета дека само вие сте одговорни за неговата среќа

Квалитетниот однос со партнерот има голем удел во среќата, но партнерот не треба да биде единствениот извор на среќа.

Никој не треба да го прави партнерот одговорен за сопствената среќа, особено ако самиот не прави ништо за тоа.

Оваа емоционална зависност само ќе создаде проблеми во врската.

podarok-namesto-izvinuvanje-i-ushte-5-gestovi-koi-izgledaat-romantichno-no-se-znak-za-toksichna-vrska-07.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
Прашувам за пријател: „Сопругот не сака деца, а јас сум љубоморна на мојата бремена пријателка - што... „Кога се запознавме ми кажа дека не сака да имаме деца додека немаме своја куќа....
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg