„По долго време фатив девојка – се плашам од прерана ејакулација во кревет“ (18+)
„Минав долги години без девојка и мора да признаам дека во тој период немав ниту авантура за една ноќ. Сега, сретнав прекрасна жена, но страв ми е дека во кревет нема да издржам ниту две минути и ќе останам повторно сам.“
Еден маж искрено се исповеда за магазинот TheSun околу проблемите во сексуалниот живот со неговата сопруга и бара помош.
Неговата исповед:
„Минав долги години без девојка и мора да признаам дека во тој период немав ниту авантура за една ноќ.
Сега, сретнав прекрасна жена, но страв ми е дека во кревет нема да издржам ниту две минути и ќе останам повторно сам.
Со претходните партнерки сум издржувал по 15/20 минути , но сега нема да биде така. Ова навистина ми влијае на самодовербата. Постојано го одложувам чинот.“
Што да правам?“
Советот на експертот за врски во магазинот TheSun:
„Штом си немал проблеми со прерана ејакулација порано, најверојатно нема да имаш и сега иако толку долго си бил сингл.
Да, навистина по толкава пауза, надополнето со возбудата од нова партнерка можно е чинот да трае пократко. Но, опушти се дури и 5 минути пенетративен секс е супер, 20 минути било маратон.
Откако ќе постигнеш оргазам, имајте секс уште еднаш и вториот пат сигурно ќе трае подолго.
Обидувај се и не се откажувај, па така ќе исчезне анксиозноста од прераната ејакулација.
Најважно е да се опуштиш.“
Прочитајте и 10 „златни“ трикови за секс кој не се заборава (18+)
С. С. | Црнобело