Пред да ја изневериш, помисли како ќе ја скрши тоа
Пред да ја изневериш, знај го ова:
Ќе ја скршиш.
Како што стаклена чаша се распрснува кога ќе падне на подот.
Ти ќе ѝ го скршиш срцето.
Ти ќе ѝ ја скршиш довербата.
Ти ќе ѝ го скршиш духот.
Ти ќе ѝ ја одземеш радоста.
Ти ќе направиш да престане да верува во љубовта.
Тие ќе направиш таа да се изгуби себеси.
Пред да ја изневериш, знај го ова:
Таа нема да спие и доцна во ноќта ќе брои пукнатини на ѕидот.
Нема да има апетит, ќе си го измачува умот, таа нема да се смее, ќе ѝ велат „Убава си“, но ќе слуша „Убава си, но не си доволно убава“, кога ќе ѝ велат „Ти си љубовта на мојот живот“ ќе слуша „Ти си љубовта на мојот живот, но не те сакам повеќе.“
Таа ќе плаче, ќе има грутка во грлото, ќе избегнува места каде заедно сте оделе, ќе биде бесна, ќе размислува со што другата жена била подобра од неа.
Нема да чувствува. Ќе изгради мостови околу себе. Ќе биде затапена за емоции.
Таа не го заслужува тоа.
Ако не ја сакаш повеќе, само замини си од неа...
Не ѝ го крши срцето.
Извор