Пет пози за орален секс, а не се „69“ (18+)

Со оглед на тоа што оралниот секс е мошне интимен чин добро би било прво да утврдите која од овие пози најмногу би ви одговарала, во однос на ситуацијата во којашто се наоѓате.

pet-pozi-za-oralen-seks-a-ne-se-69-01.jpg

И да, навистина имате повеќе опции. Иако обично кога се спомнуваат пози за орален секс најчесто се помислува на „69“, постојат повеќе позиции што вклучуваат и двајцата партнери да се во лежечка положба (доколку не се чувствувате удобно да седите врз партнерот).

Oралниот секс е одличен начин да ги „зачините“ нештата во спалната соба, па пробајте ги овие 5 од многуте можни пози:

Удобно фелацио

Кога се спомнува фелацио, обично се очекува дека девојката треба да клекне на колена, поради што голем број девојки не се чувствуваат удобно и пријатно.

Партнерот може да легне и да се испружи на кревет со перница под главата, а партнерката легнува на стомак со главата помеѓу нозете на партнерот.

Оваа поза е наменета за сите оние што сакаат удобност за време на сексуалниот чин.

Pet-pozi-za-oralen-seks-a-ne-se-69-02.jpg

Опуштено седење

Кога ќе го слушнете терминот „седни ми на лице“ сигурно нема да се чувствувате удобно (барем за повеќето важи ова).

Но, ова е една позиција за оние што сакаат нештата да не бидат толку нападни.

Партнерот може да легне на креветот, а вие седнувате врз неговото лице. За да бидете поопуштени, наместо буквално да седнете, можете да се навалите нанапред на сите четири екстремитети.

На овој начин ќе добиете огромно задоволство и ќе се чувствувате поудобно. Исто така во оваа позиција можете да се мрдате напред-назад, со што ќе имате поголема контрола врз сопственото задоволство.

Pet-pozi-za-oralen-seks-a-ne-se-69-03.jpg

Страничен 69

Постои причина зошто позицијата „69“ се смета за класика, но може да биде застрашувачка доколку претходно не сте ја пробале.

Со тоа што позицијата ќе ја превртите настрана, имате можност да го почувствувате истото задоволство без страв од задушување. Осве тоа, полесно е и за двајцата.

Легнете на страна, свртени кон гениталиите на вашиот партнер. Партнерот нека го направи истото. Можете да ја ставите ногата околу телото на партнерот за да бидете поблиску.

Pet-pozi-za-oralen-seks-a-ne-se-69-04.jpg

Седнете еден до друг

Доброто фелацио подразбира голем напор, затоа добро е да седнете додека сте „во акција“. Додека седите еден до друг партнерката може да се навали кон скутот на партнерот и да почне орално да го задоволува. 

Ова може да биде добар начин за зачинување на здодевното седење пред телевизор.

Pet-pozi-za-oralen-seks-a-ne-se-69-05_resize.jpg

Седнете настрана

Традиционалната позиција за кунилингус каде партнерката најчесто лежи на кревет со раширени нозе може да биде застрашувачка за некои девојки. Доколку не се чувствувате комотно во оваа позиција, обидете се да легнете на страна.

Свртете се на која било страна и кренете ги носете кон градниот кош – стапалата нека ви бидат испружени.

На овој начин партнерот има целосен пристап и ќе можете да уживате во целост.

Pet-pozi-za-oralen-seks-a-ne-se-69-06_resize.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Прашувам за пријател: „Мојот сопруг сака секс неколкупати на ден, а јас не - како да го одбијам?“ „Работата од дома беше кошмар, бидејќи тој беше во соседната соба, па ќе влезеше...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg