„Сопругот никогаш не ме дочекал со романтична вечера, но ми вари кафе во недела наутро – и тоа е љубов“
Дамите секогаш имаат одредени очекувања за тоа како нивниот сакан треба да ја покаже и да ја искаже љубовта. Дали љубовта се крие во големите гестови или во ситниците што секојдневно покажуваат колку тој нè сака?
Блогерката Хедер Делејни на својот Facebook профил објави подолг пост во кој што говори токму на оваа тема. Како да ја познаете вистинската љубов: дали ако вашиот сакан не ја искажува љубовта користејќи се со стереотипите од филмовите тоа значи дека не ве сака.
Во продолжение проследете го постот во целост:
Тој секогаш ја турка количката за пазарење.
И кога ќе се вратиме до камионетот, секогаш ги отклучува вратите веднаш за да може да влезам, а потоа ги собира ќесите додека јас седам во камионетот со пуштено греење. На дожд и на сонце. Секогаш. Тоа е нашиот план за пазарење.
Може да ви кажам една мала тајна?
Ми требаа години за да научам да го ценам тоа што некој ме сака на овој начин?
Знаете, потрошив многу време барајќи ги сите оние нешта со кои љубовта се искажува во филмовите, во списанијата и во рекламите.
Цвеќе.
Чоколада.
Романтични вечери.
Ненадејни одмори.
И знаете што?
Бев разочарана одново и одново.
Само поради тоа што ги барав начините на кои што претходно ми кажале дека тој треба да ја покаже љубовта.
Наместо да внимавам како тој всушност ја покажува љубовта.
И кога конечно го сфатив тоа, пријатели?
Тогаш врската во целост ни се промени.
Затоа што тој иако ретко купува цвеќе,
секој ден кога си оди од работа, ми се јавува да види дали треба нешто да ми донесе.
Никогаш не помислува да ми купи чоколада,
но секогаш кога ќе види нешто што претставува растителен, органски продукт го купува за мене – и секогаш се гордее кога ќе ме изненади со тоа што нашол нешто ново во продавниците.
Знае само да свари јајца и да намачка леб со путер,
па иако никогаш не ме пречекала трпезарија со запалени свеќи, уредни чинии и прекрасна храна, тој станува секоја недела наутро, вари кафе, го става во мојот омилен филџан и ми го подава додека јас одмарам во дневната соба (и ако мојот филџан е во неизмиените садови од вчера, секогаш ќе го измие).
И иако не знае како да состави план за патување,
тој седеше со мене во театар на Бродвеј за да гледа мјузикл. Шеташе со мене низ домот на Ернест Хемингвеј. Прошетал низ многу музеи и библиотеки во неговиот живот и никогаш не се пожалил за тоа. Ниту еднаш.
И правел многу повеќе. Уште повеќе.
Станувал среде ноќ ако бебето плаче. Ако тоа што го нарачал во ресторан е повкусно од моето јадење секогаш ќе ги смени порциите. Го гледа со мене „Бессони во Сиетл“ иако повеќе би сакал да го гледа Џејсон Борн (мислам дека така се вика). Знае кои се моите омилени производи (за жени) и секогаш ќе оди во аптека да ми ги купи кога и да ми требаат (ако тоа не е љубов, не знам што е).
... И тој секогаш, ама секогаш ќе ја турка количката за пазарење.
Знаете, колку повеќе размислувам,
цвеќињата, чоколадата, романтичните вечери, ненадејните патувања?
Тие секако се само моментални.
Цвеќето се суши. Чоколадата и вечерите ќе се изедат, а ненадејните патувања ќе се случат и завршуваат.
Но во миговите каде што можеш да се потпреш на некого (постојано и постојано) таму ќе ја најдеме љубовта.
Добрата љубов.
Љубовта што е вечна.
Љубовта што наликува на „најудобното ќебенце во есенски ден“.
И со таква љубов сакам да го поминам животот.
Не барајте цвеќе, дами. Не го губете времето барајќи чоколада.
Барајте го оној што ќе ја турка количката за пазарење.
Затоа што таму ќе ја најдете вечната љубов.