Моментот кога сфатив дека не го сакам повеќе партнерот...

„Сфатив дека не го сакам кога ми ги изневери очекувањата и не се разочарав воопшто.“

momentot-koga-sfativ-deka-ne-go-sakam-povekje-partnerot-01.jpg

Едноставно се случува да престанете да го сакате партнерот – без некоја посебна причина, неочекувано.

Неколку жени искрено се исповедаа за магазинот Cosmopolitan:

„Мислев на него и не чувствував ништо. Ниту среќа, ниту тага, ниту бес. Не чувствував потреба да го видам, ниту пеперутки во стомакот. Не чувствував ништо.“

„За време на сексот се преправав дека имам оргазам за да заврши побрзо. Имав желба за секс, но кога го имав со него не ми причинуваше задоволство.“

„Го нервираа малите работи кај мене и еден ден ми кажа дека најверојатно подобро ќе му биде сам. Не почувствував потреба да го убедам дека не е така.“

„Повеќе не сакав да бидам интимна со него и сексот почнав да го сфаќам како обврска.“

„Кога минував низ тежок период од животот, тој не се обиде да ми даде поддршка, оттогаш ми стана одбивен.“

„Одеднаш почнав да сфаќам дека ниту ми недостига кога не е до мене, ниту се грижам каде е и што прави. Сакав да минувам време со други луѓе и сфатив дека животот го делам со личност која не ми значи ништо.“

„Сфатив дека не го сакам кога ми ги изневери очекувањата и не се разочарав воопшто.“

„Почна да ме иритира неговото присуство.“

momentot-koga-sfativ-deka-ne-go-sakam-povekje-partnerot-02.jpg

„Ги броев минутите додека да излезе од дома.“

„Пред да заспијам си замислував дека сум сингл, тогаш сфатив дека нема место за него во мојот живот.“

„Престанав да чувствувам потреба да го бакнам.“

„Го изневерив и не се чувствував виновно.“

„Наеднаш неговите мали мани ми станаа голем проблем. Веќе не гледав ништо позитивно во нашата врска.“

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
„Бремена сум, а партнерот има афера со колешка, како треба да постапам?“ „Го сакам мојот партнер и сум во шестиот месец од бременоста и би сакала нашето ...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg