„Ме изневери на свадбата“ - Луѓе споделуваат зошто одлучиле да се разведат во првата година од бракот
Многу бракови завршуваат со развод, и тоа од од секакви причини. Некогаш, по неколку години поминати заедно, партнерите сфаќаат дека повеќе нема љубов во нивниот брак, па одлучуваат да се разделат. Но некогаш, причината за развод е ужасното однесување на еден од партнерите.
Одвреме-навреме, пак, партнерите се разведуваат и пред да помине една година од нивната венчавка. На Редит има и форум на оваа тема, каде што еден корисник го поставил прашањето: „До оние кои се развеле во првата година од бракот – кога сфативте дека сте направиле грешка?“
Досега на прашањето имаат одговорено илјадници корисници, а нивните приказни ќе ве остават во неверување.
Од неверства, па сè до насилство, погледнете што одговориле корисниците на Редит:
„Кога ми се налути бидејќи мислеше дека ја изневерувам, откако ми го проверила телефонот и ги прочитала пораките што и ги праќав на мајка ми“.
„Само неколку недели откако се венчавме, почнав да чувствувам болка за време на секс. Отидов на гинеколог и по неколку тестови ми кажа дека имам кламидија. Излезе дека мојот нов сопруг имал афера со негова колешка, и тоа неколку месеци“.
„Знаев дека е готово помеѓу нас кога почна да се расправа со мене на погребот на брат ми, бидејќи неколку жени ме прегрнаа за да ми искажат сочувство“.
„Бевме во врска пет години, но на медениот месец почнавме да се расправаме за заштитен крем за сонце. Таа не сакаше да го користи поради ’хемикалиите‘, а јас морам да користам бидејќи имам многу бела кожа. Се расправавме цел час за ова и на крај не сакаше ни да влезе во базенот со мене поради ’хемикалиите од кремот за сончање‘. Кога таа изгоре од сонцето, почна да ме обвинува мене бидејќи не сум ја натерал да стави крем. Тогаш сфатив дека сум со погрешна личност. Имавме уште неколку вакви глупави караници, па одлучив дека време да се разделиме“.
„Кога ми кажа дека обидот за самоубиство на мојот син ја расипал роденденската забава на неговата бивша“.
„Бившата излезе една вечер со пријателки и тогаш запозна девојка по име Никол. Постојано си пишуваа и одвреме-навреме излегуваа заедно. Во меѓувреме го добивме нашето прво дете, а таа продолжуваше да се дружи со Никол, која јас никако не смеев да ја запознаам. Набрзо дознав дека Никол е маж по име Везли“.
„Една пријателка дозна дека бившиот ја изневерил на денот на нивната венчавка, веднаш по церемонијата“.
„Денот по венчавката, тој ме удри – многу силно и без никаква причина. Ниту се расправавме, ниту разговараме за нешто што би го разгневило. Потоа ми рече дека не ме удрил силно и само се шегувал, а дека јас претерувам. Никогаш не беше насилен додека бевме во врска, но откако се венчаме се претвори во друга личност. Набрзо нештата се влошија и само 73 денови по венчавката, поднесов барање за развод“.
„Следниот ден откако се венчавме, ме фати за рака и ми рече: ’Ќе правиш што сакам јас, без разлика дали ти се допаѓа или не. Ова му беше голема грешка“.
„Додека бев во Ирак, таа објави фотка на Фејсбук од неа и друг маж во кревет. Беше јасно дека имале секс. Совет од мене – не стапувајте во брак за да ги решите проблемите во врската“.
„Ова ѝ е случи на една пријателка. Помалку од два месеци по венчавката, нејзиниот сопруг си го покажа вистинското лице. И тој и пријателката имаа добри кариери и нему му одговараше што и таа заработува пари. Но, тој очекуваше таа да чисти, готви, да се грижи за кучињата… а тој да не прави ништо во домот. Кога си доаѓашеод работа, само пиеше пиво и јадеше“.
„Кога почнав да работам како негувателка за стари лица, сфатив како изгледа брак исполнет со љубов. Ми стана јасно дека мојот бивш сопруг е далеку од тоа“.
„Се сеќавам дека на денот на венчавката си помислив ’Не треба да го правам ова‘. Поминаа десет години оттогаш и уште сум сингл. Немојте да стапувате во брак ако имате какви било сомнежи. Немојте“.
„Кога бившата ме изневери само една недела по венчавката, а на мојот роденден ми кажа дека не ме сака. Инаку, ме изневери со најдобриот пријател, а роденденот го славев 10 дена по венчавката“.
Спирова С. | Црнобело