„Тој постојано ме изневерува, па ме обвинува мене - дали навистина е моја вина?“
„Ме изневери 3 пати во 4 години врска, глупава сум знам, му простувам, но го сакам тој идиот…“
Девојка за Metro.uk отворено се исповеда за љубовните проблеми:
„Моето момче спиеше со 3 други жени за време на нашата 4-годишна врска. Секогаш ме моли за прошка и секогаш го примам назад. Глупава сум знам, но го сакам тој идиот.
Уште од почетокот на нашата врска примам различни лекарства за панични напади и анксиозност. Тој вели дека мојата анксиозност е стресна за него и дека на моменти му е премногу и поради тоа ме изневерува, тоа му е издувен вентил.
Се чувствувам како да е моја вина. Навистина сакам да ни успее врската, но не можам повеќе вака.“
Кој е советот за девојката од тимот терапевти ангажирани од Metro?
„Твоето момче те изневерува, те лаже и потоа го обвинува твоето ментално здравје за неговото погрешно однесување. Секојпат кога те разочарува ти праќа јасна порака дека не си му важна.
Мора да постои нешто во твоето минато кое направило да се чувствуваш безвредно и да мислиш дека заслужуваш лоши работи од луѓето и тоа го повторуваш со него.
За несреќа, си налетала на партнер кој е емоционален искористувач и си бара жртва.
Тоа што си изневерена не е твоја вина. Справувањето со анксиозноста не е твоја вина. Мора да си признаеш дека си дел од една токсична врска.
Не е глупаво тоа што го сакаш, туку е самодеструктивно. Тој е манипулативен и те искористува.
Напиши си листа со работи поради кои заслужуваш љубов и читај си ги одговорите секогаш кога ќе се почувствуваш безвредно.
Сигурно ќе бидеш шокирана колку многу се потценуваш. Ти можеби си станала зависна од твојот манипулатор и тоа чувство го нарекуваш љубов, но тоа е далеку од љубов.
Ти препорачувам веднаш да ја прекинеш оваа врска и да побараш поддршка од семејството и пријателите или пак од психолог.“
С. С. | Црнобело / / фото: depositphotos