„Бомбардирање со љубов“ е страшна техника на манипулативните партнери
Манипулативните луѓе ја користат оваа техника за потоа да го контролираат партнерот. Нивната „мета“ станува зависна од ова огромно прикажување на љубов, па кога подоцна предаторите ќе се повлечат, метата го бара истото што го добила на почетокот.
Прекумерното прикажување на емоции, подарување цвеќиња, постојано изјавување на љубов и низа романтични гестови од филмовите, понекогаш можат да бидат знак за нешто лошо во позадина.
Ако некој од првата средба ве опсипува со внимание и воодушевување кон вас, ви пее серенади и ви остава љубовни пораки, односно едноставно ве „бомбардира“ со љубов, тогаш треба да бидете внимателни затоа што можно е да станува збор за тактика за манипулација која луѓето предатори ја користат. Секако, постојат и вистински романтичари, па немојте да избегате.
Според психологот и експерт за врски Денис Дан под бомбардирање со љубов се подразбира интензивно покажување на емоции и восхит до степен на чувство дека новата врска ви е премногу добра за да биде вистинита. Преплавувањето со грандиозни пораки уште од стартот на врската како некој да сака да направи да ви се затресат колената од љубов може да биде алармантно.
Манипулативните луѓе ја користат оваа техника за потоа да го контролираат партнерот. Нивната „мета“ станува зависна од ова огромно прикажување на љубов, па кога подоцна предаторите ќе се повлечат метата го бара истото што го добила на почетокот.
Оваа техника најчесто ја користат нарцисоидните луѓе кои сакаат да ве вовлечат во токсична врска и емоционално да ве злоупотребуваат.
„По почетничката воодушевеност од вас, потоа тие се повлекуваат и прават вие ненадејно да се чувствувате збунето и безвредно и да сте присилени да ми се покорувате со цел повторно да ја добиете нивната љубов“, вели Денис.
Не значи дека секоја личност што ве опсипува со љубов сака да манипулира со вас, но постојат некои сигнали како тоа дека ваквиот тип на личност постојано ќе ви се јавува и ќе ви пишува и ќе сака цело време да сте заедно, што дури ќе ви изгледа претерано зависна од вас.
Потоа, можно е да дојде до ненадејна промена на тактиката од добро на лошо и вие да ја барате вината во вас и да се прашувате што правите погрешно, да се покорувате пред нив и да правите работи кои ви ги наложуваат.
За да не заглавите во ваква врска, ако видите прекумерно и сомнително опсипување со љубов отворено зборувајте со партнерот колку внимание ви е доволно, ако не намали и стане уште понападен и ја зголемува дозата на гушење и контрола, тогаш треба да излезете од оваа врска што побрзо можете.
Манипулативните партнери ќе сакаат да ве одделат од семејството и пријателите, да ве изолираат и да немате мрежа за поддршка.
На крајот од денот мора да сфатите дека ако некоја љубовна врска ви изгледа премногу добра за да биде реална, тогаш треба ширум да ги отворите очите, но не веднаш да избегате - можеби навистина ќе ја најдете љубовта на вашиот живот, само бидете внимателни.
С. С. | Црнобело