„Возеше 40km со велосипед за да ме утеши од паничен напад“ – Жени откриваат кога сфатиле дека нивниот сопруг е „вистинскиот“

Можеби направил нешто за вас, можеби ви кажал нешто, а можеби и само во еден миг сте почувствувале дека покрај вас е вашата сродна душа - кога сфативте дека вашиот партнер е вистинскиот за вас?

vozeshe-40-kilometri-so-velosiped-za-da-me-uteshi-zheni-spodeluvaat-koga-sfatile-deka-nivniot-soprug-e-vistinskiot-01.jpg

Еден корисник на Reddit ги замолил жените на форумот да споделат кога нив им се случило ова, кога сфатиле дека нивниот сопруг е личноста со којашто дефинитивно сакаат да го поминат животот.

Сите одговори се навистина интересни, а во продолжение можете да ги погледнете најдобрите:

„Кога видов колку беше добар со еден бездомник. Сопругот му го знаеше името, а и бездомникот го знаеше неговото“.

„Не е моја приказна, туку на мајка ми. Кога имала рак на дојката, во 80-ите или 70-ите, нејзиното момче (татко ми) ѝ рекол ’Па пресечи ги, јас уште ќе бидам тука'“.

„Постојано гледаше во мене. И се насмевнуваше секогаш кога ќе го погледнев“.

vozeshe-40-kilometri-so-velosiped-za-da-me-uteshi-zheni-spodeluvaat-koga-sfatile-deka-nivniot-soprug-e-vistinskiot-02.jpg

„Кога седнавме на клупа во парк и заспав на неговото рамо. Обично не можам да спијам на друго место освен во мојот кревет и во тој момент сфатив дека никогаш не сум се чувствувала толку опуштено со некој“.

„Мислам дека може да одговорам наместо сопругата. Таа е трезна веќе 9 години. Кога почнавме да се гледаме ѝ реков дека нема да пијам додека сме заедно … потоа се веривме … а сега сме во брак. Уште не пијам и планирам да не се напијам ни капка алкохол до крајот на животот. Никогаш не сум имал проблеми со алкохолот, но сакам да ѝ помогнам – ѝ дадов ветување и ќе го исполнам!“

„Не направи ништо посебно, но тој е свој кога е со мене, исто и јас кога сум со него. Нашиот брак е како рај бидејќи одлично се согласуваме. Штом ќе го погледнам, заборавам на сите грижи. Навистина ми дава мир“.

vozeshe-40km-so-velosiped-za-da-me-uteshi-od-panichen-napad-zheni-otkrivaat-koga-sfatile-deka-nivniot-soprug-e-vistinskiot.jpg

„Се гледавме околу една недела, а тој ги чуваше скапите кучиња на негов пријател. Јас сосема случајно ги пуштив надвор во текот на ноќта. Бев исплашена, но тој ми рече ’Не се грижи, ќе ги најдам“. Два часа подоцна се врати со нив, и не беше ни налутен. Секогаш се справува со непредвидливи ситуации на овој начин. 30 години подоцна, тој уште е смирено и среќно момче“.

„Бевме на концерт на отворено, а имавме излезено на само неколку состаноци. Беше премногу жешко, па дехидрирав и изгубив свест. Тогаш тој ме крена, ме носеше низ толпата народ сè до шаторот за прва помош. Се разбудив додека ме носеше и тогаш сфатив дека сум се вљубила во суперхерој. Тој дури и се пресели во друга држава за мене“.

„Кога сосем случајно испуштив гас многу гласно, а тој веднаш го направи истото за да не сум се чувствувала лошо“.

vozeshe-40-kilometri-so-velosiped-za-da-me-uteshi-zheni-spodeluvaat-koga-sfatile-deka-nivniot-soprug-e-vistinskiot-04.jpg

„Имавме голема караница и тогаш фатив дека ми треба прегратката од личноста која секогаш ми помага – неговата. Тој е мојот најдобар пријател. Исто така сфатив дека не се жалам никому за него и ако имаме проблем, веднаш го решаваме заедно“.

„Ја сум сопругот, но ја прашав сопругата и ми дозволи да пренесам: ’Знаев дека те сакам, но кога се разбуди во 3 наутро и возеше 40 километри со велосипед само за да ме утешиш бидејќи имав паничен напад, сфатив дека никогаш не сакам да те пуштам‘. Ова се сучи пред 10 години“.

vozeshe-40-kilometri-so-velosiped-za-da-me-uteshi-zheni-spodeluvaat-koga-sfatile-deka-nivniot-soprug-e-vistinskiot-05.jpg

„Пред да стапиме во брак, сопругот даде отказ и се пресели на другиот крај од државата за мене. Но, бев дијагностицирана со рак на дојката. Се обидов да го натерам да се врати бидејќи битката ќе биде ужасна и не сакав да минува низ тоа. Но, тој не сакаше да си оди. Наместо тоа, ми рече: ’Дојдов овде бидејќи те сакам… а бидејќи те сакам, ќе останам‘. Тој спиеше во болницата со мене после мастектомијата, научи како да ми става инјекции, работеше трета смена за да може да доаѓа со мене на хемотерапија и ме запроси кога на главата ми немаше останато ни едно влакно коса. И дури и кога ракот ми се врати после две години, тој остана“.

„Само ја погледнав неговата рака врз мојата нога и помислив дека тој е тој, со него ќе го поминам животот. Се чувствував многу топло и удобно, безбедно“.

Во кој момент вие сфативте дека вашиот сопруг е вистинскиот?

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
„Сопругот не сака да има секс со мене откако останав бремена – што да правам?“ „Не беше вака пред да останам бремена, па почнав да се мразам и себеси и него и ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg