10 однесувања заради кои го одржувате „вечно“ сингл статусот
Постојано „паѓате“ на ист тип на партнер кој знаете дека не е добар за вас, претерано анализирате, имате нереални стандарди – грешки во однесувањето заради кои сте предолго време сингл.
Нема ништо лошо во тоа да бидете слободни одреден период, да се спознаете себеси и да се посветите на сопствените потреби, но ако тоа трае предолго, веројатно има некоја причина за тоа.
Секој носи сам одлуки за својот живот, но многумина ќе потврдат дека животот во пар е прекрасен, а за тоа е клучно да го најдете вистинскиот партнер.
Додека се случи тоа, сосема е оправдано и пожелно да бидете слободни наместо во токсична врска и да ги спознаете убавините на сингл животот.
Сепак, доколку сингл статусот ви трае предолго, а се обидувате да го смените, или пречесто врските ви завршуваат неславно, можеби има причини и грешки во вашето однесување кои придонесуваат за тоа.
Добро преслушајте се и проверете дали е можно овие однесувања да ве спречуваат да влезете во сериозна врска:
1. Никогаш не учите од сопствените грешки и завршувате со ист тип на погрешен партнер, кој по одредено време ве остава или го оставате.
2. За вашиот сингл статус причина наоѓате во тоа дека веќе нема добри мажи/жени.
3. Имате нереални стандарди и сакате совршен принц/еза од бајките – не постојат такви, а ниту вие не сте совршени.
4. Не верувате во чувствата кои ви ги искажува другата страна, секогаш мислите дека лаже, ве изневерува или ќе ве остави.
5. Претерано ги анализирате работите и постапките кои ги прави потенцијалниот партнер.
6. На почетокот се прикажувате во погрешно светло, а потоа целосно се менувате – бидете свои од самиот почеток.
7. Не се справувате со вашите проблеми или товар кој го носите од минатото, а знаете дека влијае на вашата сегашност.
8. Се задоволувате со кратки авантури и секогаш тргате со помислата „нема да ми биде маж/жена“.
9. Имате ниска самодоверба и бегате од какви било средби, па треба сериозно да поработите на ова – сите сме прекрасни на свои начин и сите имаме сродна душа.
10. Воопшто не се трудите да најдете некој за сериозно, а во поголемиот дел од времето се опседнувате со мисли дека засекогаш ќе бидете сингл – и навистина ќе биде така ако не преземете нешто.
М. М. | Црнобело