Како да одглумите оргазам?
Секако дека не е убаво да глумите оргазам. Ако го лажете, тој нема да знае дека некаде греши. Сепак, ако тој дава се од себе, а вам ви е жал, или не...
...можете да доживеете оргазам затоа што тој и понатаму чува икона над креветот која вам ви пречи, еве како да го изведете тоа.
Потребно ви е: талент за глума и добар тајминг.
Чекор 1: На лицето треба да имате полунеутрална фаца. Почнете постепено да дишете преку уста. Не премногу гласно, постепено.
Чекор 2: Довикнете некоја охрабрувачка реченица: „Да, ах, продолжи така“, „Ух, ах, многу си добар“.
Чекор 3: Станувајте се погласни и погласни. Очите нека ви бидат полузатворени.
Чекор 4: Направете агресивен израз на лицето, како што се гризање на усните или стискање на забите.
Чекор 5: Ова е глума која бара инволвираност на целото тело. Нека телото полека ви се тресе, само гледајте да не изгледа како епилептичен напад.
Чекор 6: Внимавајте на тајмингот, затоа што човекот со кој вие мора да глумите сигурно нема да издржи долго.
Чекор 7: Најавете го својот оргазам гласно.
Чекор 8: Правете се дека сте изгубиле контрола над себе – врескајте, стискајте го и најавете му дека сега нему му е редот.
Чекор 9: Со кратки воздишки пофалете ги неговите љубовни вештини. Лежете и воздивнувајте.