Се дотерувате ли за него?

se-doteruvate-za-nego-povekjeМногумина на почетокот на врската ќе се трудат посебно да се дотераат, особено девојките, за да ја привлечат личноста за која се заинтересирани.

 

Некои тоа нема да го сторат, и тоа намерно: ќе сакаат да видат колку таа личност е заинтересирана за нив како личност, а не само за нивното деколте.

se-doteruvate-za-nego

За да нема недоразбирање, секако кога се гледате со ново момче, не треба да се појавите со мрсна коса, во стара износена тренерка која уште и кој знае од кога не е перена. Ниту пак мислиме дека тој треба да се појави неистуширан кој знае од кога и со брада од три дена.

Таквата постапка повеќе од сигурно ќе делува одбивно кај двајцата партнери. За личната хигиена без да напоменуваме, треба постојано да се грижиме и не треба да бидеме во неиспрана облека која при тоа и се распаѓа.

Она на што мислиме е дека не мора веднаш, уште на почетокот на врската да се појде кај фризеката за да ви направи некоја специјална фризура, да купите неој скап фустан, нови чевли, кои потоа со тешка мака ќе ги отплаќате, или да се нашминкате како да одите на некоја свечаност. Нема да пречи така да се облечете за некоја прилика, но не секогаш кога ќе излегувате со него.

Добро би било да му/и дадете можмост да ве види во нешто едноставно, како што се џемпер, фармерки (се разбира чисти), во нешто што не ги истакнува вашите гради и задник.

Доколку тој тогаш стане незаинтересиран, барем ќе знаете што го интересирало кај вас... дали сакате таков партнер? Доколку остане со вас, многу е поверојатно дека го интересира нешто повеќе од вашите облини.

Ова беше воопштено. Доколку спаѓате во девојки на кои им е нормално секој ден повеќе време да посветат време на внимателно шминкање и дотерување (секако со потребната лична хигиена) без разлика дали се запознавате со некој нов дечко или не, нема смисла да облекувате нешто што инаку воопшто не го носите со цел новиот дечко да го ставите на проба. Бидете свои и само напред!

Ако сте свои носејќи џемпер и фармерки, немојте да се присилувате секогаш да бидете во мал црн фустан и на високи потпетици, освен ако не планирате тоа да ви биде нов имиџ и така да го поминете остатокот од животот.

Дозволете му да ве запознае онаква каква што сте, само така ќе привлечете онаков партнер каков што навистина посакувате во вашиот живот.

Би можело да ве интересира:

„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...
Луѓе откриваат: „Предупредувачки знаци кај бившиот што ги игнорирав“ „Неговите пријатели ми рекоа да се држам настрана од него. И, тоа требаше да ми ...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Што сакаат жените од нивните партнери за да бидат среќни, според психолозите? Жените сакаат да минуваат квалитетно време со партнерот, без разлика дали ќе раз...
Прашања кои треба да си ги поставите ако размислувате да ставите крај на врската или бракот Дали само се расправате или ги решавате проблемите? А, дали имате заедничка визи...
21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg