Виновни? Извинете се!

vinovni-izvinete-mui-se-povekjeРетко кој секогаш е подготвен да се извини. Некогаш треба да се извините затоа што не за џабе велат дека тоа е магичниот збор кој ги решава проблемите.

 

Како да се извините на партнерот/ партнерката? 

vinovni-izvinete-mui-se

1. Парафразирајте го она што ви го рекле - тоа остава впечаток дека навистина сте го слушале разговорот.

Да се рече нешто во стилот „Лут си бидејќи потрошив пари на уште едно чевли, а се противев кога ти сакаше да купиш нов модел на мобилен телефон, го разбирам тоа“ е поефикасно отколку само да потврдувате климајки со главата додека тој зборува.

2. Не вовлекувајте теми кои немаат врска со предметот на расправа. Сите сме виделе таква постапка, ќе се скарате за една работа, а таа/тој ќе ви одговори со: „Навистина? А ти без прашање го зема мојот џенмпер и го врати по три недели!

Каква врска има тој џемпер со актуелната кавга? Со тоа не се решава ништо, само се продолжува агонијата за двајцата.

3. Ставете му до знаење дека работите ќе се сменат. Кога ќе се скарате со пријателка, тоа може да се заврши со прегратка, но мажите често сакаат проблемот да се реши, па затоа ставете му до знаење дека планирате да работите на тоа.

4. Немојте да се навраќате на стара кавга. Неколку дена по вашето извинување и мирење ќе се сетите за некои контра аргументи... леле зошто не се сетив порано!

Повторното започнување на караница која треба да е веќе решена, ќе отвори, фигуративно речено, рани кои само што почнале да заздравуваат. Немојте.

Од оној момент кога ќе сакате секогаш да сте во право и  да ви е важно кој ќе победи на крајот, тоа повеќе не е љубов.

Би можело да ве интересира:

Мажот мора да биде повисок: Необични правила за љубовни состаноци и врски од минатото Жените никогаш не треба да го направат првиот чекор, додека мажот секогаш треба ...
Што го предизвикува болниот секс кај мажи и жени + како да ја намалите болката? Сексот може да биде болен и за мажите и за жените, а за тоа постојат повеќе прич...
Што да правите кога вашиот партнер работи премногу? Работата е неминовна кога треба да се заработи за живот, а некои луѓе често рабо...
Непотребни грижи за сексот што ги имаат скоро сите, според експерт (18+) Нормално е и мажите да имаат намалено либидо, а жените не треба да бидат опседна...
8 работи што емоционално интелигентните луѓе не му ги прават на партнерот Не ги банализираат проблемите на партнерот и не избегнуваат одговорност кога ќе ...
„Му станав лична чистачка“ - Најтешките работи во бракот за кои никој не зборува „Во бракот има тешки мигови и не е дека има само пеперутки, но најголемата грешк...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg