5 најчести женски лаги
Секој барем еднаш излажал во животот. Некогаш лагата е корисна, ненамерна, но внимавајте кога лажете да не повредите некого. Порано или подоцна...
...секоја жена ги изговорува овие 5 лаги:
1. Не сум ти лута. Ја проверува вашата способност. Таа е ифрит лута и сака да го видите тоа, но не сака да ви ја олесни маката. Затоа тврди дека не се лути.
2. Не ми пречи ако одиш во стриптиз клуб, нормално дека не сум љубоморна. Таман ќе помислиш дека имаш совршена девојка, но полека изброј до 3. Жените не сакаат да гледате други жени, па макар тоа било и со друштво.
3. Моментално не сум подготвена за врска. Знаете веќе што значат изјавите како презафатеност и недостиг на време – лага!
4. Добро сум. Ова е дефинитивно најчесто употребувана лага. Не умее или не сака да разговара за проблемот со тебе. Мораш да препознаеш и да почнеш да ги решаваш проблемите затоа што неа НЕ И Е ДОБРО!
5. Беше одличен! Се знае кога се кажува оваа реченица. Најдобро можеш да процениш што точно сака да каже во конкретната ситуација. Сепак, може само сака да ти угоди.