„Ако не ме разбираш, не може ниту да ме сакаш“ – 4 духовни аспекти на вистинската љубов според будизмот

Источњачкиот начин на живот ги привлекува многумина генерално поради својата едноставност. Љубовта не е исклучок од ова.

Ako-ne-me-razbiras-ne-moze-da-me-sakas-01.jpg

„Западната љубов“ најчесто се одвива на следниот начин: некој ни се допаѓа, копнееме по него, можеби и ќе го освоиме. Лудо сме вљубени, па следуваат разочарувањата и наскоро со нашето рането его тргнуваме во потрага по „нова, вистинска“ љубов.

Ние всушност не умееме да сакаме. Така барем тврди зен учителот Thich Nhat Hanh. „Кога некого сакаме, а не знаеме како правилно треба да го правиме тоа, тогаш само ја повредуваме личноста“, вели тој.

Зен уметноста нуди 4 аспекти на вистинската љубов кои многу пати ги заобиколуваме:

МАИТРИ

Зборот „маитри“ потекнува од Санскритот и значи „пријател“. Оној што го сакаме пред сè мора да ни биде пријател покрај љубовник.

Доколку во односот постои само страст и желба за освојување, тука нема пријателство. Никогаш и нема да можете да бидете нечиј пријател доколку сами на себе не сте си најдобар пријател.

Значи патот до вистинската љубов води преку љубовта спрема самиот себе. Дури тогаш кога ќе знаете кои сте, што сте и каде одите, можете да му се придружите на некој на неговиот пат.

КАРУНА

Овој збор означува сочувство, односно волјата да се подели товарот со некој друг. Кога немаме сочувство во себе, туѓото страдање го гледаме како товар кој не сакаме да го понесеме, а без тоа не може да постои љубов.

Да се разбере нечие страдање е најдобриот подарок што може да го дадете некому. Разбирањето е второто име на љубовта. Ако не разбираш, не можеш ниту да сакаш.

МУДИТА

Мудита е надоградување на Каруна и во буквален превод значи „сочувствителна среќа“. Тоа е способноста вистински, од срце да се радуваме за убавите нешта кои му се случуваат на другиот.

Животот е непредвидлив, промената од болка во среќа и обратно се случуваат за секунда. Сите имаме подеми и падови, а сите луѓе се ранливи на ваквите промени. Кога ќе сфатиме дека страдаат луѓето на кои им завидуваме, можеме да бидеме многу поблиску до нив.

УПЕКША

Упекша претставува балансиран и смирен пристап кој мора да го имаме кон сите работи во животот, па и кон љубовта. Иако нам ни се чини дека секоја љубов, и романтичната и пријателската и родителската се исполнети со подеми и падови, вистинската љубов е всушност балансирана.

Без присуството на Упекша стануваме посесивни и напорни. Ваквите луѓе на крајот ѝ ја одземаат слободата на личноста што ја сакаат, а нивниот „објект“ на љубовта престанува да биде она во што се вљубиле на почетокот. Тоа не е љубов, туку уништување.

Упекша значи „мудроста на еднаквоста“, односно способноста да сфатиме дека сите сме исти, имаме иста слобода и дека немам право да им ја одземаме слободата на другите луѓе. Дури кога ќе го сфатиме тоа, сфаќаме дека немаме право да ги држиме толку цврсто луѓето коишто ги сакаме, на тој начин што наместо да цветаат, тие почнуваат да венеат.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Луѓе откриваат: „Предупредувачки знаци кај бившиот што ги игнорирав“ „Неговите пријатели ми рекоа да се држам настрана од него. И, тоа требаше да ми ...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
„Сопругот не сака да има секс со мене откако останав бремена – што да правам?“ „Не беше вака пред да останам бремена, па почнав да се мразам и себеси и него и ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
Прашувам за пријател: „Мојот сопруг сака секс неколкупати на ден, а јас не - како да го одбијам?“ „Работата од дома беше кошмар, бидејќи тој беше во соседната соба, па ќе влезеше...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg