Каква професија - таков секс
Дека професијата во потполност го детерминира и вашиот сексуален баш и не е уверливо, но дека професијата може да влијае на вас во креветот и вашите...
...сексуални преференции – има вистина.
Изборот на она што ќе го работите во животот има влијание на вашата сексуална желба.
Пример – менаџерите и директорите кои се навикнати да ги контролираат вработените на работното место ја трошат својата енергија и лесно ја губат емотивната поврзаност во љубовниот живот. Сексот многу често го „одработуваат“ само физички.
Политичарите и јавните личности се склони кон менување на сексуалните партнери и со никого не се задржуваат предолго. Во сексот се брзи, површни и деконцентрирани. Првенствено гледаат на себе и своето уживање, додека обостраното задоволство не им е од значење.
Адвокати, лекари и психолози по природа се внимателни луѓе и оваа своја особина ја користат и во својот сексуален живот. Од внимателност, тие никогаш не преземаат иницијатива и во креветот често пати им е поважно да ја задоволат другата страна.
Војниците и спортистите се врзуваат многу лесно, верни се и посветени. Релативно добро поднесуваат недостиг на секс. Во сексот сакаат темпо и обострано уживање.
Уметниците се гадат од обичен секс. Тие сакаат емотивна поврзаност и често не ја наоѓаат, па затоа се во вечна потрага по сродна душа и „скокање“ од врска во врска.
Што мислите, дали направиле добра проценка?