Мажи со чувства
За припадниците на „посилниот пол“ обично се вели дека се посилни затоа што умеат да ги сокријат чувствата. Некои се вистински уметници во тоа - ги...
...кријат чувствата како змија нозе.
Но, тоа што не ги манифестираат чувствата не значи дека тие немаат ефект кога ќе останат сами или кога ќе испливаат на површина во некој ненадеен момент.
Постои и онаа приказна дека на жените повеќе им се допаѓа маж кој не ги крие своите чувства, но таа линија е многу тенка и тоа е лизгав терен. Кој гарантира дека „емотивното отварање“ нема да предизвика спротивен ефект?
Ако е нешто во животот неизвесно, тоа секако е женскиот ум.
Жените сакаат да знаат на што се, но од друга страна сакаат и мистериозни мажи. Двете работи подеднакво ги привлекуваат и одбиваат. Ако звучи како енигма... тоа и е.
Она што една жена го смета за привлечно, на друга и е одбијно. На мажите и не им преостанува ништо друго освен да бараат и понатаму.
Тогаш ќе им се залепи етикета „ветрушка“ и работата ќе се врти во круг. Жените не би сакале мажот да е неспретен, но не би сакале и да е Казанова; не чини ако кажете дека сакате врска, а не чини и ако кажете дека не сакате...
Флертувањето е едно, врската е нешто сосема друго, но тоа немора да биде случај кога се жените во прашање. Можеби мажите можат да постават граница каде што почнува а каде завршува, додека на жените им се случува симпатијата и привлечноста да прераснат во нешто повеќе.
Затоа подобро е да се избегнува емоционалното отворање пред жените сè додека не биде мажот сигурен на што е.