Постојат 5 типови на флерт - Кој е вашиот?
Повеќето луѓе ќе речат дека се верни и дека никогаш нема да го измамат својот партнер. Но, размислете за момент - дали е можно понекогаш ненамерно и „невино“ да флертувате?
Дали несвесно комуницирате дека сте сексуално достапни? Според едно истражување постојат 5 стилови на флерт: физички, традиционален, искрен, љубезен и разигран.
Подолу ќе дознаете кои однесувања се карактеристични за одреден стил и во која категорија влегувате вие...
Физичко флертувње
Вашиот стил на флертувње е физички, односно сакате да ги допирате луѓето. Жените кои флертуваат физички често имаат отворен говор на тело - ги поместуваат рацете од своето тело и кимаат со глава во разговори.
Традиционален флерт
Ако вашиот стил е традиционален, верувате дека мажите треба да го направат првиот чекор. Мажите кои спаѓаат во оваа категорија често се наведнуваат кон својот партнер, додека жените во оваа категорија, кога комуницираат, сакаат вербално да се шегуваат со своите партнери.
Искрено флертување
Ако спаѓате во оваа категорија имате искрен интерес за другата личност. Најверојатно нема да се шегувате со вашиот партнер, туку ќе разменувате флертувачки погледи.
Пристојно флертување
Ако не сакате да флертувате, но сакате да се обидете да запознаете некого, вашата интеракција со тоа лице ќе биде поформална (пристојна).
Дури и кога некој физички ве привлекува, нема да ѝ се доближувате на таа личност и можеби нема да поставувате премногу прашања.
Разиграно флертување
Луѓето во оваа категорија уживаат во играта на заведувањето. Ако спаѓате во оваа категорија, не ви е важно каква е друга личност, туку го користите флертот како средство за постигнување на цели (на пример, ако ви е потребна нечија услуга).
Ашера | Црнобело