Конечно: Зошто изневеруваат?
По сè изгледа дека научниците конечно го пронајдоа вистинското објаснување зошто луѓето изневеруваат. Имено, како што тврдат луѓето кои се склони...
...кон изневерување на партнерот го прават тоа затоа што им е запишано во гените.
Научниците од Њујорк Универзитетот откриле дека на сексуалното однесување директно влијае присуството на генот кој се појавува и кај зависниците од алкохол и коцкање.
Водачот на истражувањето, Џастин Гарсија, соопштил дека неверните партнери исто како и алкохоличарите и коцкарите, во моментот на неверство чувствуваат наплив на допамин, стануваат зависни од изневерувањето, па едноставно не можат да му одолеат.
Гарсија тврди: “Откривме дека поединците кои го имаат тој одреден ген, поточна варијантата која се вика DRD4, се склони кон неверство, вклучувајќи ги и сексот за една ноќ и сите други форми на неверство. Мотивацијата и понатаму да изневеруваат се крие во чувството на задоволство кое ги преплавува при напливот на допамин.”
DRD4 е веќе поврзан со зависноста од алкохол и коцкање. Научниците тврдат дека тоа е прво истражување кое докажува дека некои луѓето изневерувањето не можат да го контролираат, колку и да сакаат и да се трудат.
Значи, сега имате изговор за следниот пат кога ќе бидете неверни. Обвинете ги гените!