Топ 10 карактеристики кои жените ги мразат кај мажот
Лажење. Искористување на луѓето. Омаловажување, нетрпеливост и омраза кон луѓето во каква било ситуација.
Сајтот за состанување eHarmony истражуваше што сакаат жените кај еден маж, но и што не сакаат.
Некои работи едноставно ги вадат од такт. Заклучокот од листата е дека на жените многу им значи односот на нивниот партнер не само кон нив, туку и кон другите луѓе.
Карактеристики кои жените ги мразат кај мажот:
Лажење.
Искористување на луѓето.
Омаловажување, нетрпеливост и омраза кон луѓето во каква било ситуација.
Нехигиена.
Сексуални активности надвор од врската.
Лош темперамент и злобен пристап кон другите.
Користење на дрога.
Неспособност да се справи со гневот.
Преголема желба за спиење, одмор и излежување.
Нетолерантност кон другите.
С. С. | Црнобело