10 кавги кои се сигнал дека врската треба да се заврши
Кавгите може да бидат продуктивни, но и деструктивни. Како да ги препознаете оние вторите, од кои нема излез, туку едноставно се знак дека треба да ја раскинете врската?
Постојат 10 типови на кавги кои паровите не ги „преживуваат“:
1. Аргументирани кавги околу она што сакате во животот, што сакате да работите, каде да живеете, дали сакате деца, брак или сепак не.
2. Кавги околу сексуалните и интимни желби и потреби.
3. Ситни кавги во кои се мери што е мое, а што твое.
4. Кавги со кои едниот од партнерите има за цел да го промени другиот партнер.
5. Кавги кога во фокусот ви е да прогласите губитник и победник.
6. Било какви кавги поврзани со пари – кој колку заработува, инвестира, троши, штеди...
7. Кавги во кои не се согласувате дека имате различни гледишта и ги прифаќате истите.
8. Истите кавги за исти личности и исти проблеми.
9. Периодични кавги (кога едниот ќе промени работно место, кога другиот ќе реши да оди сам на патување или да излезе без партнерот и слично.)
10. Кавги во кои постојано прашувате дали другата личност сè уште ве сака.
М. Д. | Црнобело