Клучни прашања на кои мора да си одговорите, пред да се смирите со бившиот партнер

По раскинувањето нормално е да се прашувате дали тоа бил вистинскиот избор. Можеби сега се сомневате во прекинувањето на врската и сакате да ѝ дадете уште една шанса. 

pred-da-mu-se-vratite-na-bivshiot-postavete-si-gi-ovie-4-prashanja-01.jpg

За жал, може да биде навистина тешко да одредите дали врската навистина заслужува втора шанса. Понекогаш важно е да запомнете дека вие и бившиот сте раскинале со причина.

Сепак, врските не се само црно-бели и постојат безброј парови чија врска успеала вториот пат. За подобро да разберите дали обновувањето на врската е добра идеја, важно е да размислете за должината на врската, посветеноста, верноста, како и колку време поминало од раскинувањето.

Пред да се смирите со бившиот, поставете си ги и овие прашања:

Дали се смирувате од осаменост или од љубов?

Неделите и месеците после раскинувањето можат да бидат навистина тешки. Многу луѓе се во искушение да му се вратат на бившиот само затоа што прилагодувањето е многу тешко.

Доколку не ве зближува љубовта, тогаш најверојатно сакате да се смирите поради стравот од неудобност или осаменост. Доколку не можете да го најдете вистинскиот одговор, можете да побарате и помош од професионалец.

kluchni-prashanja-na-koi-mora-da-si-odgovorite-pred-da-se-smirite-so-bivshiot-partner-02.jpg

Што се променило со вас, вашиот бивши или во вашите животи?

Еден од најтешките делови од смирувањето со бившиот е да разберете што навистина се сменило откако сте се разделиле. Доколку само поминало време, голема е веројатноста врската да биде истаи како и првиот пат.

Потребно е да има нешто различно кај вас, кај бившиот и кај врската.

Кои биле проблемите и зошто сега нештата ќе бидат поразлични?

Доколку врската не успеала поради проблеми, а проблемите не биле решени, тие нема да исчезнат самите. Важно е да знаете што точно ве разделило на прво место, за веднаш да се справите со тоа.

Ако можете да имате искрен разговор на оваа тема и ако сакате да работите на проблемите, тогаш тоа е добар знак.

kluchni-prashanja-na-koi-mora-da-si-odgovorite-pred-da-se-smirite-so-bivshiot-partner-03.jpg

Дали мислите дека можете да го промените партнерот?

Доколку одговорот е „Да“, тогаш не треба да ѝ давате втора шанса на врската. Смирувањето и обидот да го промените партнерот е рецепт за катастрофа.

Од друга страна, доколку и двајцата сте подготвени за промени без да си создавате притисок, шансите за успешна врска се подобри.

На крај, вие и бившиот најдобро знаете дали вреди да ѝ дадете уште една шанса на врската.

Иако кога сте повредени лесно е да помислите дека токму бившиот бил вистинскиот, важно е да знаете дека постојат и други луѓе со кои можете да бидете среќни.

Доколку сепак сте неодлучни, секогаш можете да се консултирате со професионалец.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
Луѓе откриваат: „Предупредувачки знаци кај бившиот што ги игнорирав“ „Неговите пријатели ми рекоа да се држам настрана од него. И, тоа требаше да ми ...
„Партнерот ме уценува да живееме заедно, но јас не сакам да бидам маќеа на неговите деца“ Дали жената треба да живее со партнерот иако не е подготвена да се грижи за него...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
6 причини зошто жените наоѓаат љубовници, според терапевт Најчесто кога се зборува за неверствата се верува дека мажите наоѓаат љубовници ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg