Совршениот маж постои, но се менува со текот на годините
Кога денес ќе се сетите на момчето во коешто сте биле вљубени во средно, веројатно се прашувате што ве привлекувало. Ова е сосема нормално, бидејќи нема целиот живот да ве привлекува истиот профил на мажи.
Едно истражување спроведено во Италија покажало дека она што жените го бараат од мажите се менува со годините. Значи, совршениот маж постои, но не е истиот во вашите дваесетти и триесетти. Во секоја фаза од животот на жената постои по еден совршен маж.
Како што жената созрева, нејзиниот вкус за мажи се менува, па во секоја животна фаза таа бара партнер што ќе ги исполни тогашните очекувања.
Во младоста, изгледот е на прво место. Но со текот на годините, бараме подлабок однос, заснован на заеднички искуства и очекувања.
Како се менува идејата за „совршен“ партнер?
Помеѓу 18 и 24 години, жените сакаат маж на кој пријателките ќе им завидуваат. Дури 47% од жените на оваа возраст признале дека им е важно дали друштвото им го одобрува партнерот. Во овие години од животот жените сакаат привлечен маж, а истовремено важно им е да имаат и ист вкус.
Помеѓу 25-тата и 34-тата година од животот се гради кариерата, па жените почнуваат да гледаат „подалеку“. Во овој период тие бараат партнер кој има слични амбиции со нивните и со кој би можеле да прават заеднички долгорочни планови.
Сепак, физичкиот изглед и сексуалната компатибилност повторно се наоѓаат на врвот на листата со приоритет. Ретко која жена во 30-тите ќе му одолее на шармантен маж, особено ако се покаже и како добар во кревет.
По 35-тата година, жените најчесто ги привлекуваат мажи кои се постари од нив. Дури 73% од жените изјавиле дека во овие години, покрај нив сакаат постар и искусен партнер, како и маж кој влева сигурност и доверба.
Помеѓу 45-тата и 54-тата година, жените најчесто се одлучуваат на врска со помлад партнер. На дури 54% од жените им било во ред да бидат со 5 години помлад партнер.
Во оваа фаза жените веќе се задоволни од нивната кариера, сигурни се во себе и своите квалитети, а ова ги прави подготвени за експериментирање.
После 55-тата година, жените бараат некој со којшто имаат иста смила за хумор. Најчесто сакаат интелигентен и романтичен партнер со исти животни вредности. Во овие години жената конечно е сигурна што сака, а што не.
Доколку се прашувате што е со оние парови кои се „отсекогаш“ заедно, објаснувањето е едноставно – имале среќа и заедно ги поминале сите животни фази. Во овие врски, односот помеѓу партнерите созревал со годините.
Спирова С. | Црнобело