Како да ја претворите летната авантура во сериозна врска?
Зборот авантура ретко се поврзува со сериозна врска. Всушност, авантурата најчесто претставува краткотрајна искра која исчезнува со завршувањето на сезоната. Но, само затоа што нешто започнало како авантура, не мора да значи дека никогаш нема да се претвори во нешто сериозно.
Со други зборови, доколку почнувате да чувствувате нешто и се прашувате како да ја претворите авантурата во врска, постојат некои начини да го направите тоа.
Одбирајте локално
Доколку сакате авантурата да трае и после летото, најдобро е да одберете некој за кого знаете дека ќе остане во ваша близина. Кога станува збор за личност која е само на одмор во вашиот град, таа нема да биде овде за Нова година.
Ова не значи дека врските на далечина се невозможни, но бараат многу повеќе труд. Па пред да им дозволите на емоциите да ве надвладеат, дознајте каде планира да живее личноста откако ќе почне септември.
Почнете да правите есенски планови
Еден од најдобрите начини да покажете дека сакате авантурата да биде нешто повеќе е да почнете да правите планови за октомври и ноември.
Па, слободно предложете некоја активност за Ноќта на вештерките.
Доколку не сте подготвени да правите празнични планови со новиот партнер, можете да го поканите на некој концерт, или пак на некоја венчавка. Со правењето на овие идни планови и двајцата покажувате дека сакате да видите кон каде ќе се движи врската.
Правете нешта што не се поврзани со летото
Нема ништо погрешно да одите на плажа или сладолед. Но, обидете се испланирате активност што не е толку поврзана со летото.
Можете да одите на кино, во музеј, или само да прошетате во некој трговски. На овој начин полесно ќе откриете дали авантурата има потенцијал за врска.
Направете заедничка листа со нешта што сакате да ги направите
Што би сакале да правите со летната љубов штом ќе се спуштат температурите? Направете заедничка листа, па штом ќе заврши летото и двајцата веќе ќе размислувате за неа.
Ова е одличен начин да започнете заедничко планирање. Без разлика што се наоѓа на листата, ова размислување за иднината ќе ви биде од корист.
Покажете ја и вашата друга страна
Доколку навистина сакате да ја претворите авантурата во нешто сериозно, ќе треба да ги покажете сите ваши страни.
Доколку летото ви било забавно, пред неговиот крај, заедно направете нешто сериозно и значајно. Волонтирајте, згрижете милениче или што било. Покажете дека оваа авантура не била само за забава. Покажете дека имате карактер и длабочина и дека можете да му го подобрите животот на потенцијалниот партнер.
Покрај тоа, овие искуства ќе ви помогнат да ја видете и другата страна на партнерот и ќе дознаете дали делите исти цели и вредности и дали воопшто сте компатибилни за сериозна врска.
Не сите летни авантури се за долги врски, а тоа е сосема во ред. Наместо да присилувате нешто, ценете го искуството какво што било. Вo овој случај одете на состанок за збогување и поминете уште една романтична вечер заедно. Потоа, кога ќе дојде есен, продолжете понатаму.
Спирова С. | Црнобело