Зошто модерните врски толку лесно „пукаат“?
Како што се менува начинот на живеење и нашите ставови кон одредени работи се менуваат.
Едноставно, луѓето почнуваат поинаку да се поставуваат. Се создаваат нови вредности, а некои работи стануваат дел од минатото убедување.
Затоа честопати ќе слушнете дека сте „диносаурус“, не затоа што сте стари, туку затоа што верувате во некои работи кои биле „популарни“ во минатото.
Во светот сè уште постојат држави во кои се договараат браковите, а она што е чудно од денешна перспектива е што порано, речиси, постоеле само такви бракови, но работите се променија.
Можеби тоа е причината зошто многумина имаат впечаток дека модерните врски лесно пукаат, но зошто е тоа така?
1. Не сме подготвени за компромиси
Не сме подготвени ниту на компромис ниту на безусловна љубов. Не сакаме многу да чекаме, мораме да имаме сè веднаш.
Како да поставуваме краен рок до кога нешто треба да се случи, наместо да дозволиме нашите чувства да растат.
2. Често ја мешаме љубовта со други чувства
Почесто ни треба некој со кого ќе одиме во кино или во некое друго место, отколку некој со кого ќе ја споделуваме нашата интимност. Не сакаме здодевен живот и постојано бараме придружник, кој ќе нè исполни.
Не сме секогаш подготвени за мирен период кој неизбежно доаѓа како фаза во врската по авантурата.
3.Бараме материјална добивка
Ние сме генерација која останува прекувремено на работа, секогаш барајќи подобра работа и повисока плата. Често немаме време да се запознаеме суштински со другите луѓе.
4. Сакаме резултати веднаш
Како да сакаме нашите односи да бидат зрели веднаш штом ќе се заљубиме. Повторно, немаме време и трпеливост да градиме нешто со години. Затоа бараме партнер со кој сè ќе биде брзо веќе по првиот состанок.
5. Станавме зависни од технологија
Иако нè соединува, технологијата може и да нè разделува. Текстовите, гласовните пораки, повиците, сите го заменија разговорот лице в лице.
6. Не можеме да останеме на едно место долго време
Факт е дека еден ден мораме да се смириме, но многу луѓе ги плаши идејата да го поминат животот само со една личност.
7. Имаме страв од многу нешта
Се плашиме од нови односи, разочарувања, загуби. Ова се причини зошто не ги пуштаме луѓето во нашите животи.
Градиме емоционални ѕидови околу нас, градиме имагинарни светови и не ја гледаме реалноста каква што е.
Ашера | Црнобело